Милиони фосили ширум светот можат да ни помогнат да ја сфатиме еволуцијата на растенијата, но до сега беа претешки за идентификација. Со помош на технологијата ова се промени.Фосилите што фаќаат прашина во музеите имаат уште многу недокажани приказни. Меѓународен тим на научници неодамна создаде компјутерска програма што ја открива фамилијата на растението само преку слика од листот. Програмата сега служи како алатка на научниците за подобро одредување на еволуцијата на растенијата, а се очекува да се користи и во истрагата на фосилите.
Во категоризацијата на ново растение на семејното дрво, ботанистите се ослонуваа на плодовите, семето и цветовите, иако листовите се многу подостапни. „Проблемот е во комплексноста“, изјавува авторот на истражувањето Питер Вилф од американскиот универзитет Пен Стејт. Иако постојат детални описи на листовите уште од 17 век, описите сепак не се доволни за да се направи разлика меѓу фамилиите на растенијата, и затоа многу од фосилите се неидентификувани.
Со помош на технологијата, тимот во листот нашол повеќе различни точки и од оние што ги содржи човечкото око. Најпрво биле тестирани 7500 листови од модерното време, а потоа биле извршени тестирања и на фосилите. Програмата покажала огромен успех и точно идентификувала 72% од листовите, насочувајќи ги на 19 различни фамилии. Со нејзина помош, конечно е пронајдена категоријата на листовите на билката на кафето, која што беше една од најтешките фамилии за идентификација.
„Вообичаено се потребни неколку часа на специјализирана личност за одредување кој лист каде припаѓа, по стандардниот протокол“, изјавува Вилф. „Програмата е илјадници пати побрза, автоматски создава речник на повеќе од 1000 елементи и дури и ни покажува кои делови од листот се дијагностицирани“.
Целта на истражувањето е да се испитаат што повеќе листови од фосили, што до сега беа една од најнеупотребуваните области кога станува збор за сфаќањето на еволуцијата. Со помош на компјутерите влеговме во нова ера во која што се разјаснети многу нешта во врска со настанокот на животот на планетата Земја.Фосилите што фаќаат прашина во музеите имаат уште многу недокажани приказни. Меѓународен тим на научници неодамна создаде компјутерска програма што



