Еве што НИКАКО НЕ СМЕЕТЕ да го правите на првиот ден од Новата година!

Ако заборавите на сите оние кои ви се блиски да им ја честитате Новата 2015 година – не чини. Тоа е знак дека ќе се оддалечите од нив во претстојната година. Ѓубрето од домот никако не смее да се фрла на 1 јануари, бидејќи носи лоша среќа. Постојат и разни други суеверија, а се однесуваат на храната, пијалоците, облеката, парите, однесувањето за време на дочекот и првиот ден од новата година.Некои од верувањата кои се прераскажуваат во врска со Новата година е за годината да биде благородна и да ви оди сѐ од рака, фрижидерот на 31 декември треба да биде полн. Покрај тоа, во паричникот треба да има пари. Постои и верување дека за новогодишниот ден и 1 јануари, никако не треба да се позајмуваат пари.
Треба да се вратат и сите долгови од поранешната година. Ако Новата година започне со долгови, се верува дека целата година ќе донесе недостаток на финансии во домот. Можеби и јавните претпријатија би можеле да го искористат ова суеверие како трик, па да ги натераат луѓето на време да си ги платат сметките.
Советот кој се пренесува од колено на колено е дека на 1 јануари ништо не смее да се изнесува од домот, па ниту ѓубрето. Постои и поблага варијанта која вели дека може нешто да се изнесе од домот, но само доколку се внесе нешто друго.
Веројатно разните феминистички здруженија би се побуниле за верувањето дека најлош знак е кога жена во новата година ќе го премине куќниот праг. А жените со светла коса би требало да се затворат дома од 31 декември, па сѐ до 2 јануари зашто им донесуваат несреќа на сите оние кои би ги пуштиле да им дојдат на гости.
Кружат и приказни дека не е добро ако нешто се скрши за Нова Година. Покрај тоа, плачењето и лошото расположение на 31.12 и 01.01, значат дека цела година ќе биде таква.Некои од верувањата кои се прераскажуваат во врска со Новата година е за годината да биде благородна и да ви оди сѐ од рака, фрижидерот на 31 декем

Пронајдете не на следниве мрежи: