Секој ден сме бомбардирани со приказни за диети и слабеење, а сѐ уште постојат заблуди во врска со губењето килограми.Некои луѓе веруваат дека маснотијата се претвора во енергија или топлина – што е кршење на законот за одржување на тежината, додека други веруваат дека маснотиите некако се исфрлуваат или дури се претвораат во мускули.
Трети тврдат дека масното ткиво (адипозно ткиво) никогаш не може да се изгуби кога еднаш ќе се добие, туку само може да се згрчи доколку вежбате.
Истражувањето на Ендрју Браун од Универзитетот во Нов Јужен Велс и австралиската телевизиска ѕвезда (некогашен физичар) Рубен Мирмен, заклучува дека маснотиите се издишуваат кога губите килограми. Новото истражување се базира на постоечкото знаење за биохемија.
„Изненадува колку незнаење и заблуда постои за метаболичкиот процес при губење на килограми“ – рече Браун.
„Точен одговор е дека поголем дел од масата се издишува во вид на јаглерод диоксид. Оди во воздухот“ – додава Мирмен.
Вишокот јаглехирати и протеини се претвора во хемиски соединенија под името триглицериди (кои се состојат од јаглерод, водород и кислород) кои што се чуваат во липидните капки од масните клетки.
За да ослабнеме, се обидуваме да ги метаболизираме тие триглицериди, а тоа значи испуштање на јаглеродот кој е складиран во нашите масни клетки.
За губење 10 килограми човечка маст, потребно е да се вдишат 29 килограми кислород, да се произведат 28 килограми јаглерод диоксид и 11 килограми вода. Тоа е метаболичката судбина на маснотијата.
Мирмен и Браун ја пресметале пропорцијата на складираната маса во тие 10 килограми маснотија која постои како јаглерод диоксид и вода кога губиме тежина. Со следење на траекторијата на тие атоми од телото, откриле дека од тие 10 килограми дури 8,4 се издишуваат во вид на јаглерод диоксид.
Се испоставува дека белите дробови се примарен орган за исфрлување на вишокот килограми. Останатите 1,6 килограми стануваат вода која се исфрлува преку урина, измет, пот, плунка, солзи и други телесни течности.
Бидејќи наближуваат празници, дали тоа значи дека само треба повеќе да дишеме за да го исфрлиме вишокот килограми? – Не.
Брзото дишење и издишување доведува до хипервентилација која е проследена со вртоглавица, тресење и губење на свеста.Некои луѓе веруваат дека маснотијата се претвора во енергија или топлина – што е кршење на законот за одржување на тежината, додека други вер