Еве што се случуваше на судењето на терористите денес!

Обвинителството тврди дека има доволно докази за да се осудат заробените терористи, додека одбраната смета дека Судот ќе мора да работи во корист на Обвинителството и да ги исправи нивните грешки. По консултациите со адвокатите сите заробени терористи го отфрлија обвинителниот акт и се изјаснија како невиниГо разбрав обвинителниот акт и делумно ја признавам вината, вака првообвинетиот Сами Укшини се изјасни пред судскиот совет на прашањето дали се чувствува виновен.
На ова следеше молскавична реакција на неговиот адвокат, Шазивар Исеини, кој побара пауза заради консултација со клиентите.
По завршувањето на паузата, очекувано, сите дваесет и деветмина терористи го отфрлија обвинителниот акт и се изјаснија како невини по двете точки на обвинението, терористичка организација и тероризам.Некои тврдеа дека воопшто не биле во Гошинце и во Куманово, а некои не криеја дека биле членови на терористичката група.
– Не негирам дека бев член на групата, но не сум ги сторил делата кои ми се ставаат на товар, изјави албанскиот државјанин Генци Шефа.
За некои од нив обвинението било само параван за да се сокрие вистината.
– Не го разбрав обвинението и не ме интересира. Со овој обвинителен акт сака да се прикрие вистината, изјави косовскиот државјанин Валдет Зекај.
На самиот старт на судскиот процес еден од адвокатите на одбраната Исеини повторно побара изземање на претставниците на Јавното обвинителство, обвинителите Наум Паноски и Вилма Русковска, како и невропсихијатриско вештачење на обвинетите за да се утврди дали се способни да го следат судскиот процес.
По кусо советување, петчлениот судски совет, со кој претседава судијата Горан Бошевски, ги одби двете барања на одбраната.
– На барањето за изземање веќе е одлучено во декември минатата година, а судот ги следи обвинетите во притвор и досега од ниту една затворска институција не е доставено барање од некој обвинет за каков било здравствен проблем, одговорија од судот.
Во своето излагање претставникот на Јавното обвинителство изјави дека имаат доволно докази за да ја докажат вината на заробените терористи и дека во истрагата е утврдено кој какви задолженија имал.
– По обемната и темелна истрага собравме доволно докази со кои ќе докажеме дека обвинетите ги сториле двете дела за кои се товарат. Утврдивме дека групата имала три нивоа, командно, логистичко и паравоена група. Обвинетите македонски државјани биле логистиката на ерористите. Ќе се докаже дека тие постапувале со директна умисла во извршување на делото, рече обвинителот Паноски.

Од другата страна пак, адвокатот Исеини, кој застапува повеќемина обвинети рече дека обвинителниот акт е поставен на стаклени нозе и дека Судот ќе мора да работи во корист на Обвинителството за да ги исправи нивните грешки и проусти.
– Треба да се докаже дека сторителите биле свесни и дека сакале да го сторат тоа. Во обвинителниот акт не е наведено кој од обвинетите што сторил. Секој одговара само за тоа што го сторил тој, а не групата. Мора да се знае кој какво оружје носел, кој какви дејствија презел, изјави Исеини пред судскиот совет.
Дваесет и деветтемина терористи се товарат за терористичка организација и за тероризам и доколку се прогласат за виновни, за овие кривични дела се предвидени најстрогите казни – доживотен затвор.
На обвинителната клупа седат десетмина македонски државјани, седумнаесет косовски и по еден албански и еден германски државјанин. Меѓу нив се и двајца водачи на групата, кои ја преживеаја акцијата на полициските специјалци.
Станува збор за првообвинетиот Сами Укшини алијас Командант Соколи и Мухамед Красниќи алијас Командант Малишева. Покрај нив обвинети се и Деми Шеху алијас Јунику, Фадиљ Фејзулаху, Ирфан Лутфиу, Арсим Бајрами, Фадиљ Елшани, Есат Кафеџоли, Ардијан Бујари, Кенан Исени, Шефкет Авачи, Лирим Демири, Ајруш Авдија, Бетим Карташи, Генци Шефа, Лендрит Рустеми, Енвер Клејн, Руфки Догани, Насуф Беќири, Валдет Зекај, Бајрам Елшани, Неџмедин Лика, Лирим Красниќи, Севдаил Мифтари, Фатмир Речица, Бег Бајра алијас Насер Бајралиу, Фејзула Рушитовски и Бесник Ајдини.

Во акцијата во кумановското Диво Насеље беше ликвидирана терористичка група која ја предводеа Косовецот Мирсад Ндрецај, алијас Командант НАТО, и неговиот близок соработник и помошник Бег Ризај, алијас Командант Бегу, исто така од Косово.
Во акцијата на МВР, која траеше безмалку 48 часа, животот го загубија осум полицајци, а 37 беа ранети.
Она што е познато досега е дека терористичката група стои зад нападот на караулата кај Гошинце и кражбата на оружје и муниција кои подоцна беа откриени и вратени. Освен Куманово, тие имале планови да ги нападнат Скопје и Тетово.(О.Ч.) – ВечерГо разбрав обвинителниот акт и делумно ја признавам вината, вака првообвинетиот Сами Укшини се изјасни пред судскиот совет на прашањето дали се чув

Пронајдете не на следниве мрежи: