Еве во кои ситуации ниту една жена не смее да и суди на друга!

Дали некогаш ви се случило да осудите друга жена и нејзините одлуки, а по некое време и самите да се најдете во слична ситуација и притоа да постапите на ист начин? Жените се пријателки, мајки, сопруги, сестри, колешки, работодавачи… и токму поради тие улоги и животни задачи, една жена во ниеден момент не треба да ѝ замери на друга жена.
1. Кога треба да раскине
Пред некое време бевте целосно сигурни дека е крајно време да го остави и да си ги собере своите работи, па не ви беше јасно зошто не го направи тоа. Потоа самите се најдовте во слична ситуација и сфативте дека ниедна врска не е црна или бела, туку има повеќе од 50 нијанси сива.
2. Кога ќе претера со јадење
Гладна сум, несреќна сум, уморна сум, имам ПМС – постојат безброј причини за прејадување и ако неа ѝ годи така треба да остане. Жените би требало да јадат кога и да им се јаде, без предрасуди.
3. Кога нејзините деца ќе почнат да викаат сред продавница или кафуле
Колку и да е мирно и добро детето, на секој родител барем еднаш му се случило неговото дете да одлучи да ги покаже своите гласовни способности на јавно место, а предрасудите во тие моменти навистина не се потребни.

4. Кога претерува околу организација на свадбата или роденденот
За голем број жени, свадбата е најпосебниот ден во животот за кој вреди максимално да се потруди. Претерувањето околу одбирање на просторот, свеќите, музиката и паничењето околу изборот на венчаницата треба да биде дозволено, особено од нејзините пријателки.
5. Кога колешката од работа постојано му се јавува на своето дете
„Колешката која минимум 10 пати се слушаше со своето болно дете ми одеше на нерви, но потоа и јас станав мајка и сфатив за што се работи“ – изјавила една жена која зажалила поради тешките зборови кои ги кажала зад нејзиниот грб.

6. Кога ќе заборави да ви се јави
Неодговорен повик, порака дека одложува или договор кој е откажан во последен момент – сето тоа се ситуации кои ви се случиле со пријателка и ви предизвикале негативни чувства. На секого од нас може да му се случи да не стигне да заврши сѐ што треба, особено ако имаме семејство или луд распоред на работа кој треба да се координира со останатите обврски.
7. Кога пребрзо ќе влета во врска или брак
Љубовта е непредвидлива, а поради љубовта сме спремни на сѐ. Не ја осудувајте пријателката затоа што не се одвојува од него или поради нејзините нагли и непредвидливи планови за иднината. Тоа чувство е посебно и секој треба да го доживее на свој начин затоа што и вие сте биле во слична ситуација, а ако не сте биле, тогаш сигурно ќе биде во иднина.Жените се пријателки, мајки, сопруги, сестри, колешки, работодавачи… и токму поради тие улоги и животни задачи, една жена во ниеден момент н

Пронајдете не на следниве мрежи: