Еве зошто е добро секој ден да пиете по една чашка ракија

Овој домашен пијалак никого не го остава рамнодушен, а познато е дека го намалува ризикот од мозочен и срцев удар. Конзумирање на ракија може да донесе и неколку здравствени предности – секако ако не се претерува со количеството.

Го продолжува животниот век
Прекумерна количина на ракија или било кој друг вид на алкохол, дефинитивно ќе ви го скрати животниот век, но умерената количина може да ви го продолжи. И тоа поради тоа што антиоксидансите помагаат во борбата против радикалите кои се главните причинители за стареењето.

Ослободува од стрес
Доколку ја пиете во умерени количини, ракијата делува на нервниот систем, така што ве опушта. Повторуваме – само доколку ја пиете во умерени количини.

Го намалува ризилот од мозочниот и срцевиот удар
Одлична работа кај ракијата е таа што го спречува наталожувањето на холестеролот во вашиот кардиоваскуларен систем и така ви помага да се намали количината на холестеролот. А сето тоа драстично ја намалува опасноста од срцев и мозочен удар.

Помага во превенција од настинка
Веројатно не сте знаеле дека ракијата може да послужи како одличен сируп за кашлање. Исто така алкохолот помага да се елиминираат бактериите од грлото. Најдобар ефект ќе постигнете ако го измешате со топла вода и лимон.

Не дебелее
Еве одличен аргумент – за разлика од газираните, па дури и од некои „природни сокови“, ракијата е алкохол со мал број на калории! Со пиење на ракија го намалувате холестеролот во крвта и не се дебелеете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.