Еве зошто кромидот никако не би смееле да го држите во ладилник!

И додека постојат безброј причини поради кои ни требало да ги сакате сите позитивни  страни на вашиот ладилник, сепак некои наминици никако не би смееле да му пријдат.Ладилникот може да го дехидрира лебот, да го стегне медот и да го заслади компирот. А верувале или не, ова правило се однесува и на кромидот.
Кромидот може да остане свеж и до 30 дена доколку го држте на вистинско место- кое мора да биде суво и ладно, а тоа никако не е ладилникот.
Еве и зошто
Кога кромидот ќе се олади, ладната и влажна средина во ладилникотго претвора скробот во шеќери (истото се случува и со компирот) и тој станува мек  многу брзо. А притоа може да ви замириса и ладилникот и да направи  се да мириса на кромид.
Наместо тоа, држете го кромидот во мрежаста кеса или во чинија на суво, ладно место како, а свеж може да остане и на собна температура, но многу пократко- 7 дена.
Исто така, немојте да го ставите во вреќа бидејќи на кромидот му е потребен возух за да дише и никако не ги држете заедно  со компирот бидејќи тој испушта влага која може да го забрза процесот на распаѓање на кромидот.
Ова правило не се однесува на младиот кромид бидејќи тој има повеќе вода и треба да се олади.Ладилникот може да го дехидрира лебот, да го стегне медот и да го заслади компирот. А верувале или не, ова правило се однесува и на кромидот.

Пронајдете не на следниве мрежи: