Еве зошто НЕ ТРЕБА да го полните телефонот навечер!

За голем број на луѓе стана пракса да ја полнат батеријата на паметниот телефон преку целата вечер. Меѓутоа, се поставува прашањето дали е ова паметна одлука, како и дали оваа пракса му нанесува трајна штета на нашиот телефон.Денешните мобилни телефони во себе имаат литиум-јонска батерија, која доколку се преполни може да стане опасна, како за самиот уред така и за личноста која го користи.
Поради тоа, модерните полначи се направени така што се спречува дотокот на струја кога батеријата ќе се наполни до крај.
Поради тоа вашиот телефон во текот на ноќта ќе биде дополнуван малку по малку. Односно, штом батеријата изгуби неколку проценти од батеријата, таа ќе биде повторно наполнета до крај.
Micro USB е стандардизираното полнење, но и понатаму постои мала шанса нешто да се запали. Поради таа причина најдобро е да го користите оригиналниот полнач и кабел, за да не се случат непредвидени работи.
Покрај трошењето на струја, држењето на телефонот на 100%, подолго од што е тоа потребно, ја деградира батеријата побрзо од обично. Разликата не е голема, но сепак постои.
Литиум-јонските батерии не би требало да се полнат до крај кога е тоа возможно. Кратките полнења, кога батеријата се троши на краток временски период и потоа се надополнува, е значително подобра опција од целовечерното полнење.Денешните мобилни телефони во себе имаат литиум-јонска батерија, која доколку се преполни може да стане опасна, како за самиот уред така и за лично

Пронајдете не на следниве мрежи: