Еве зошто служи селфито: Сите наши слики се наоѓаат во базата на податоци на американската разузнавачка служба NSA?!

Имено, таа агенција ги користи фотографиите од мејловите, текстуалните пораки, социјалните мрежи, видео конференциите и другите средства за комуникација. NSA дневно може да пресретне милиони слики, од кои во просек 55.000 доволно квалитетни, за да бидат употребени во современите програми за препознавање лица.Раша Тудеј (Russia Today), коментира дека новите откритија за начините на кои американската агенција за разузнавање собира податоци за претставување на уште еден чекор кон застрашувачкиот кошмар на Орвел.
Последните откритија од колекцијата документи на Сноуден со ознака „строго доверливо“, докажува дека NSA не ги интересира само собирањето на таканаречени „мета податоци“ од глобалната комуникација, туку и фотографии кои ќе „им дадат лице“ на потенцијалните терористи и други евентуални непријатели на американската влада.
Портпаролката на NSA, Вејни М., тврди дека таа агенција не собира информации од личните документи на Американците, но одбива да одговори дали NSA им пристап кон фото архивата на Стејт департментот, во која се сочувани слики од странците кои имаат аплицирано за американска виза.
Исто така, таа одби да одговори дали шпионската агенција ги собирала фотографиите преку социјалните мрежи, како што се Фејсбук и Инстаграм, што не би била тешка задача – со оглед на тоа дека милиони луѓе поставуваат селфи фотографии по социјалните мрежи.
Освен на својата технологија, NSA делумно се потпира и на комерцијално достапната технологија за препознавање лица, вклучувајќи ги оние кои ги нуди PittPatt, која е во сопственост на Google, стои во обелоденетите документи.

 

Моќта на препознавање лица очигледно оди подалеку од собирањето на селфи фотографии и вклучува и географски позиции кои се сликани преку сателит.
Така, едно обелоденето досие од 2011 година, покажува фотографии од неколку мажи кои стојат на еден брег. Со употребата на технологија за препознавање, NSA успеа да го препознае нивното окружување, споредувајќи го со сателитските снимки од истиот временски интервал. Во документот се наведува дека фотографијата прикажува база за обука на милитанти во Пакистан.
„За само шест месеци во 2008 година, агенцијата собра слики преку веб камерите – вклучувајќи и значителни количества на сексуално експлицитна содржина, со повеќе од 1,8 милиони профили на Yahoo ширум светот“, пишува Guardian.
Меѓутоа, таблоидот Daily Mail, пишува дека алгоритмите за препознавање лица кои ги користи NSA досега постигнувале различни резултати, па дури се има случувано едно лице да се замени со друго, иако сличноста помеѓу две личности е забележителна.Раша Тудеј (Russia Today), коментира дека новите откритија за начините на кои американската агенција за разузнавање собира податоци за претставувањ

Пронајдете не на следниве мрежи: