Еве зошто задолжително треба денес да се послужите со мед!

Денеска според календарот на православната црква е Св. пророк Илија-Илинден.   Свети Илија беше Евреин. Живееше далеку пред Христа. Потекнуваше од градот Тесвит, по што и беше наречен Тесвиќанец. Кога се роди, околу него татко му виде Божји ангели како го повиваат во оган и го хранат со пламен, што укажуваше на неговата подоцнежна пророчка служба. Младоста ја помина во постојано богомислие и во молитва, честопати повлекувајќи се на пусти места. Прорече многу настани и направи голем број чуда со силата Божја, што беше во него. Пред крајот на неговиот земен живот го избра за свој наследник пророкот Елисеј, а потоа се вознесе на небото во огнена кочија, Се јави пак при Христовото преображение, а ќе се појави и пред второто Христово доаѓање.
Свети Илија паѓа во најсушниот и најтоплиот период во годината.
Се верува дека токму Илија е тој кој одредува кога ќе паѓа дожд, а кога ќе има суша. Поради тоа се задржал обичајот на денешен ден да не се работи во поле, да не се навлече гневот на светителот.
Народот вели дека од Свети Илија поминуваат жештините,па оттаму и изреката, од Свети Илија сонцето е се помило.
Се верува дека на денешен ден добро е да се земе мед заради здравје. Некогаш било обичај мајките да ги мачкаат децата со мед, за да бидат здрави цела година. Свети Илија беше Евреин. Живееше далеку пред Христа. Потекнуваше од градот Тесвит, по што и беше наречен Тесвиќанец. Кога се роди, околу него татко

Пронајдете не на следниве мрежи: