ЕВН Македонија го отвори првиот Изложбен центар за електрична енергија во Македонија

Македонија доби Изложбен центар за електрична енергија, прв од ваков вид во земјата и регионот. Сместен во автентичниот и оригинален простор на старата Хидроцентрала Матка, Изложбениот центар  „Матка“  ја раскажува историјата на електричната енергија во Македонија, како и промените што настанале со електрификацијата. Истовремено преку иновативен мултимедијален пристап, експонатите во Изложбениот центар „Матка“ нудат уникатна можност за едукација и интеракција.Покрај експонатите со историска содржина, во Изложбениот центар „Матка“ поставени се и експонати за различните типови на производство на електрична енергија, приказ на ресурси, а интерактивните плазма панели и плазма топката, како и Ван де Графт Генераторот нудат допир со електицитетот.
-Електричната енергија е вистински феномен и еден од најзначајните пронајдоци на човештвото. Тргнувајќи оттаму, кај нас се роди идеја да создадеме место каде што сегашните, а особено идните поколенија ќе можат да се едуцираат и да ги надополнуваат своите знаења. Токму затоа, како општествено одговорна компанија, Изложбениот центар „Матка“ го ставаме на располагање на сите образовни институции во Македонија без надомест и се надеваме дека содржините што ги има тука ќе бидат дел од образовната програма. Наша цел е Изложбениот центар „Матка“ да биде место кое ќе ги охрабри и поттикне младите да сонуваат за иновации и прогрес, истакна Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.
 
На свеченото отворање на Изложбениот центар „Матка“ присуствуваа претствници на Универзитетите во Македонија, средните и основните училишта, како и претставници од Бирото за развој на образованието. Присутните претставници на образовните институции ја потпишаа иницијативата за користење на Изложбениот центар „Матка“ во едукативни цели, во насока на унапредување на образовниот процес.
И професорската фела изрази големо задоволоство од овој објект. Деканот на ФЕИТ кажа дека овој објект е многу важен за подигнување на нивото на знаење на младите од Македонија, почнувајќи од најосновните нивоа, па се до факултетите.
-Едукативниот центар кој што денеска ЕВН го отвори, претставува еден објект кој што е многу важен за подигнувањето на нивото на знаење на младите од Македонија, почнувајќи од најосновните нивоа, па се до факултетите. Овде тие може да ги видат сите начини за производство на електрична енергија, да се запознаат директно со начините за производство на енергија, да го видат текот на развојот на производството на електрична енергија, некаде од првата половина на минатиот век, па до модерните начини на произвдство, сегашните со помош на ветер, со помош на сонце, на биоенергија. Генерално ова е место каде што сите млади, значи од најмалите нозе, па до факултетите можат најдиректно да ги видат начините на производство на електрична енергија, изјави професор Станковски.
Сите заинтересирани од денес ќе можат да го посетат Изложбениот центар „Матка“, индивидуално или во групи, а за условите за посета и работното време можат да се добијат повеќе податоци на www.matka.com.mk/Facebook: Матка – Изложбен центар / Matka – Exhibition Center /Instagram: matka.exhibition.centerПокрај експонатите со историска содржина, во Изложбениот центар „Матка“ поставени се и експонати за различните типови на производ

Пронајдете не на следниве мрежи: