Еврејски хороскоп: Каква иднина ве очекува?

Sartan – Рак (22.06 – 22.07)
Планети: Месец
Елемент: Вода
Главна особина: трпеливост
Квалитети: приврзаност кон семејството
Недостаток: неприступачност
Боја: сребрена
Скапоцен камен: тиркиз
Растение: смрека
Животно: ракови
Сака: природа и дом
Не сака: агресивност
Животен век: Повеќе од 80 години

Личностите родени во овој знак се интуитивни и интелигентни.Имаат смисла за уметност,романтични се, емотивни и сензуални. Ги сакаат домот и спокојството затоа што се трпеливи,суптилни и чувствителни.Знаат да бидат сонувачи,сомничави,егоцентрични и одмаздољубиви. Секогаш се во улога на заштитници,делат совети и кажуваат добронамерни лаги.По природа се толерантни и попустливи.Поседуваат голема енергија и може да се прилагодат на секоја ситуација.
Најмногу ги ценат домот и семејството,па затоа се вистински пример за добар сопруг или сопруга,татко или мајка.Тешко воспоставуваат блискост со непознати.Со партнерот се отворени и внимателни. Сексуално се многу активни.Својата материјална состојба често знаат да ја прикријат.Штедливи се и рационални,но не се себични.

Arieh – Лав (23.07 – 23.08)
Планети: Сонце
Елемент: Оган
Главна особина: доминантност
Квалитети: Точен,постојан
Недостаток: да биде главен
Боја: златна
Скапоцен камен: сафир
Растение: чемпреси
Животно: диви мачки
Сака: Луксуз,лов
Не сака: ако не е главен
Животен век: Повеќе од 79 години
Особите во овој знак се привлечни,чесни,паметни, достоинствени,горди и елегантни.Многу се храбри и во секоја ситуација сакаат да доминираат.Може дури да бидат надмени, суетни и недостапни.Приврзани се со пријателите и соработниците.Лоши особини на овој знак се завидливоста, грубоста и насилноста во остварувањето на целите.Нарцисоидни се и егзибиционисти.Се сакаат себеси, ја сакаат славата и заради тоа понекогаш си го припишуваат туѓиот труд.
Најубаво се чувствуваат кога се опкружени со обожаватели.Уживаат во луксуз,гламур и комфор.Ги сакаат накитот,крзното и вредните антиквитети.Во работата се амбициозни,објективни, внесуваат промени и затоа често се директори или шефови.Партнерот го опсипуваат со љубов,но истовремено од него бараат покорност.Полни се со страст и нежност,но знаат да бидат и сомничави и љубоморни,а во случај на неверство е немилосрден.

Betula – Девица (24.08 – 23.09)
Планети: Марс, Плутон
Елемент: оган
Главна особина: хуманост
Квалитети: точност и прецизност
Недостаток: ситничарење
Боја: црвена
Скапоцен камен: дијамант
Растение: детелина,коприва
Животно: Коњ
Сака: Да дели совети
Не сака: брзоплетост
Животен век: Повеќе од 78 години

Родените во овој знак се совесни, добри, образовани, рационални, вредни и скромни.Сакаат точност,големи критичари се. Нивната упорност се граничи со тврдоглавост.Срамежливи и лесно ранливи, понекогаш патат од комплекс на помала вредност. Принципиелни се и не го искажуваат незадоволството. Наивни се и осамени.Претерано се плашат за своето здравје,инсистираат на хигиена и уреден живот,често се вистински хипохондрици.
Работата им оди подобро од љубовта.Го кријат чувствата кои се ладни и одмерени. Познати се како ситничари и штедливи. Врската со партнерот е повеќе интелектуална.Поради својата претерана уредност и хигиена,не се премногу врзани за секс и еротика,најчесто се верни без склоности за менување партнер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.