Еврејски хороскоп: Каква иднина ве очекува?

Moznaim – Вага (24.09 – 23.10)
Планети: Венера
Елемент: воздух
Главна особина: чуство за правда
Квалитети: племенитост
Недостаток: неодлучност
Боја: плава и нијанси на лила
Скапоцен камен: опал
Растение: журка
Животно: гуштер
Сака: елегантност
Не сака: песимизам
Животен век: Повеќе од 70 години

Припадниците на овој знак најчесто се добри и привлечни луѓе.Ведри се,друштвени и учтиви. Размислуваат логично и дипломатски и имаат чувство за правда и вистина.Ја сакаат естетиката.Динамични се, не поднесуваат грубост и конфликтите ги решаваат на мирен начин. Многу добро го разликуваат доброто од лошото. Овие луѓе се,исто така, и неодлучни,нестабилни,па дури и агресивни.Лесно се вознемируваат,ги бранат своите ставови и на сите работи гледаат преку призмата на емоциите.Понекогаш претеруваат во своите инсистирања да најдат компромис во некои ситуации.
Во врската со партнерот создаваат мир и хармонија,а нивните чувства се рафинирани.Потребно им е внимание. Не се расфрлаат премногу со пари и доста се економични,но и не скратуваат од животните задоволства.
Здравјето многу им зависи од расположението,па дури и од метеоролошките услови.

Akrav – Скорпија (24.10 – 22.11)
Планети: Марс, Плутон
Елемент: Вода
Главна особина: страст
Квалитети: постојан
Недостаток: агресивност
Боја: црвена
Скапоцен камен: ахат
Растение: шипка,пелин
Животно: шкорпија
Сака: секс,ризик,магија
Не сака: предавство
Животен век: Повеќе од 80 години

Личностите родени во овој знак се храбри,бескомпромисни, енергични и паметни.Сериозни се,компетентни,верни, борбени и практични.Главни карактеристики за овој знак се магијата и таинственоста.Не бираат средства за да ја исполнат целта и знаат да бидат агресивни,ако е потребно.Агресивноста е дел од нивната природа, исто како и љубомората,посесивноста и егоизмот.Понекогаш имаат мрачна природа поради која стануваат незадоволни и лицемерни.Сепак, знаат да бидат вредни и принципиелни.
Врската со партнерот им е длабока и емотивна. Верни се и не поднесуваат неверство.Нивната цел е материјалното богатство.Одлични се во работите кои бараат реконструкција,реорганизација и нови решенија.Познати се како револуционери, бунтовници и анархисти.Строги се и непопустливи спрема колегите,соработниците,но најпрво спрема себе.

Keset – Стрелец (23.11 – 21.12)
Планети: Јупитер
Елемент: Оган
Главна особина: Интиуција
Квалитети: слобода
Недостаток: дволичност
Боја: лила
Скапоцен камен: аметист
Растение: кориандер
Животно: Коњ
Сака: патување,лов,спорт
Не сака: неправда
Животен век: Повеќе од 80 години
Родените во овој знак се интелигентни,духовити,чесни, ведри и достојни за почит.Ги ценат слободата и независноста. Интуитивни се, сакаат да патуваат и да истражуваат. Уживаат кога се во природа.Слободоумни се и не поднесуваат фрустрации.Можат истовремено да бидат и материјалисти и идеалисти,знак знаат да бидат и вообразени, егоцентрични и нарцисоидни. Лесно пламнуваат и тогаш стануваат груби. Не водат сметка за трошењето пари,и добро се снаоѓаат во заработувањето.Сакаат да бидат лидери и да се во центарот на вниманието.Тогаш се вистински ентузијасти и шармери.
Генерално земено,имаат добро здравје.
Во љубовта сакаат да доминираат и да имаат целосна контрола над партнерот, но важно им е тој да има разбирање за нивната слобода.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.