Поднесената пријава, запленувањето роба и обвинувањата за фалсификат насочени од „Пионир“ кон „Европа“ АД – Скопје се целосно неосновани и неиздржани, велат од македонската компанија чии производи деновиве се мета на инспекциските служби во Србија Од претпријатието со историјат од 132 години истакнуваат дека во овој случај е прекршена и добрата деловна пракса. Според овие принципи, фирмата која смета дека нејзин производ е фалсификуван од друга компанија, треба писмено да ја информира и да побара од неа да ја повлече од пазарот. Адвокатот на „Пионир“ вели дека вакво известување е доставено до „Европа“, менаџментот на македонското претпријатие нагласува дека таква информација не е пристигната на нивна адреса.
– „Европа“ на српскиот пазар продава повеќе од еден век, има своја верна група конзументи и лојални клиенти и на нејзина адреса никогаш порано не пристигнал ваков тип обвинувања. Начинот на работа на „Европа“ никогаш не се базирал ниту на плагијат, ниту на фалсификат, напротив, производите на нашата компанијата честопати биле напаѓани со плагијати од разни држави и завршувале со правни постапки – вели Сава Димитрова, претседател на управниот одбор на „Европа“ АД – Скопје.
Од македонската компанија истакнуваат дека инспекцијата во Србија постапила по барање на „Пионир“, ненавлегувајќи во суштината, по што заплената на робата била извршена по слободна проценка. Во рамки на индустријата, фалсификатот се дефинира како продуцирање копија или создавање имитација, но тука за тоа не може да стане збор. „Бонбон ноар“, продуктот запленет во Србија, бил легално на полиците на продавниците, со заштитниот знак, логото на „Европа“, во карактеристична амбалажа и со име кое нема допирна точка со тоа на производот на „Пионир“.
Во поглед на содржината на бонбоната, таа е непроменета, се произведува повеќе од 50 години, а за првпат е евидентирана во каталог на „Европа“ во 1982 година. Составот на „Бонбон ноар“ и на „Негро“ е различен. Слично е тоа што и двете се базирани на состојката лакриц, но процентот на масното полнење, филувањето и изгледот на самата бонбона воопшто не се исти. Лакриц во светот на бонбоните го користат неколку стотини производители и амбалажата на речиси сите нив е базирана на црна, бела и црвена боја, кои се врзуваат за имиџот на оваа состојка. Тоа го практикуваат и глобалните брендови како „Харибо“, „Салос“, „Јанки“, „Клене“ и низа други.
Под оваа амбалажа бонбоната на „Европа“ се продава од 2003 година и оттогаш е и на пазарот во Србија, значи безмалку цели 11 години.
– „Европа“ АД – Скопје е силен бренд којшто е одлично позициониран на домашниот и на пазарите на Балканот, Европа, Америка и Австралија, со голем и со добар тим на технолози и креативни луѓе кои константно работат на нови и усовршување на старите, добро препознатливи, производи на компанијата и затоа секое обвинување за фалсификување е несериозно – укажува Димитрова.
Врз основа на погоре изнесените факти со кои што јасно се побиваат невистините од еден исплашен конкурент, „Европа“ АД – Скопје ќе поднесе тужба пред судските инстанци во Србија и ќе бара надокнада за нарушениот имиџ и изгубената добивка, за да го заштити својот бренд и професионално портфолио. Тужба против српската компанија „Пионир“ и инспекциските служби кои го наложиле запленувањето на робата, веќе поднесе и официјалниот дистрибутер на „Европа“ за територијата на Србија. Од претпријатието со историјат од 132 години истакнуваат дека во овој случај е прекршена и добрата деловна пракса. Според овие принципи, фирм