„Нови терористички напади во Европа се веројатни и постои сериозно зголемување на заканата на континентот“, изјави вчера директорот на Европол Роб Вејнрајт, пред Комисијата на ЕП за граѓански слободи, правда и внатрешни работи.Вејнрајт нагласи дека европската полициска служба располага со податоци за преку 10.000 луѓе осомничени како „странски борци“ во Сирија и во Ирак. Тој вели дека од таа цифра 2.000 се потврдени странски борци.
Европол има податоци за 5.000 лица од Европа кои се на сирискиот фронт. Тие се од пет држави од ЕУ.
Службата има и информации за 28.000 луѓе вмешани во незаконска трговија со оружје.
Вејнрајт вели дека клучно прашање во борбата со тероризмот е размена на информации на меѓународно ниво.