Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, утре ќе оствари посета на Брисел каде ќе има свое обраќање на Центарот за Европски политики, на тема “Европската иднина на Македонија – перспективите и предизвиците“.Центарот за Европски политики е независна организација посветена на интеграциите во ЕУ и работи според најсовремените европски и глобални начини на водење политика со што обезбедува најбрзи и најквалитетни информации и анализи од ЕУ и глобалната политичка агенда.
Вицепремиерот Бесими на своето обраќање ќе се осврне на остварените реформи и предизвиците со кои се соочува Република Македонија на нејзиниот пат кон Европска Унија.
Во текот на посетата Вицепремиерот Бесими ќе се сретне и со директорката на Директоратот за проширување на Европската Комисија Александра Кас Грање како и со Известувачот за Република Македонија во Европскиот Парламент, Ричард Ховит.Центарот за Европски политики е независна организација посветена на интеграциите во ЕУ и работи според најсовремените европски и глобални начини на