Европската унија, Обединетите нации и Светска банка ги здружуваат силите во санирањето на последиците од поплавите

Европската унија и Светска банка заедно со агенциите на ООН во земјата одговорија брзо на барањето на Владата за помош во справувањето со штетата предизвикана од катастрофалните поплави кои ја погодија земјава на почетокот од месецов.Покрај тековните напори за помош по оваа непогода, заеднички тим на стручни лица за санација од катастрофи од ЕУ, ООН и Светска банка е распореден на терен за да работат со колегите од земјава во идентификување на причините за поплавите и на проценка на последиците од истите врз населението и економијата.
Гледајќи подалеку од надоместување на штетите, тимот ќе ја заврши Проценката на потребите после катастрофата заради идентификување на долгорочните потреби во делот на обновата и ќе подготви интегрирана стратегија за реконструкција.
Проценката се очекува да биде завршена кон крајот од септември 2016 година.
Анализата на тимот ќе се заснова врз принципите на одржливиот развој. Тоа вклучува обнова и подобрување на оштетената инфраструктура заради зајакнување на нејзината отпорност и зголемување на  нејзината улога во спречувањето на вакви слични катастрофи во иднина. Стратегијата за обнова ќе ги идентификува итните приоритети и ќе даде детална проценка на трошоците, обезбедувајќи рамка за донаторска поддршка.
„Поплавите од поројните дождови во август се трета катастрофа од ваков вид што ја погоди земјата во последниве 18 месеци,“ изјави Мартин Клауке, раководител за соработка при Делегацијата на ЕУ во Скопје. „Од овие причини важно е да се гледа подалеку од помошта што се дава во вонредни состојби и санацијата на штетата и да се согледа коренот на причините за катастрофите.“
„Ние заедно ќе се фокусираме на спречување на катастрофите,“ објасни постојаниот координатор на ООН во земјата Луиза Винтон. „Ова значи да се осврнеме на недостатоците во инфраструктурата за заштита, како што се одводните канали и системи. Да се смени однесувањето на населението, да се спречи депонирањето на отпаден материјал во одводните каналите и коритата и да не се градат објекти во делови каде постои висок ризик од поплави. А ова значи и воспоставување на системи за рано предупредување кои можат да алармираат брзо за опасност од поплави од пороен дожд.
„Нам навистина ни е жал заради трагичната загуба на животи и загрижени сме заради позачестените екстремни временски состојби, како во регионот така и во земјата“ изјави директорот на Светска банка, Марко Мантованели. „Итното преземање на активности за намалување на постоечкиот ризик од природни непогоди, избегнувањето на креирање на нови фактори на ризик и поефикасната реакција на катастрофи се неопходни за да се минимизираат последиците од овие настани врз населението и економијата во иднина. Светска банка е решена да им помогне на земјите да изградат отпорност на катастрофи преку вградување на ризикот во нивните одлуки за инвестиции“.
ЕУ и агенциите на ООН веќе се активни во обезбедувањето помош. Агенциите на ООН обезбедија финансиска помош за Црвениот крст и ги дистрибуираа итно потребните залихи како што се комплети за лична хигиена, хигиенски средства, душеци за спиење и ќебиња од сопствените резерви.
ЕУ веднаш го активираше Механизмот за цивилна заштита на барање на националните власти, а земјите-членки на ЕУ брзо обезбедија финансиска и материјална помош преку овој систем. Европската комисија донираше 150.000 евра како директна помош, а придонесите од земјите-членки на ЕУ веќе надминаа 2 милиони евра. Во 2015, ЕУ одобри пакет од 10 милиони евра за земјата за справување со последиците од поплавите, и преку Директоратот на ЕУ за цивилна заштита и хуманитарна помош обезбеди 3 милиони евра за регионална програма за поголема подготвеност во случај на катастрофи.
 Покрај тековните напори за помош по оваа непогода, заеднички тим на стручни лица за санација од катастрофи од ЕУ, ООН и Светска банка е распореден

Пронајдете не на следниве мрежи: