четврток, 12 ноември 2026
Најново

Европскиот Дејвид Коперфилд со спектакуларно магионичарско шоу во сабота во Скопје

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

(Скопје 10.06.2016) Откривањето на тајните на магијата и илузијата во Скопје продолжува, а веќе застапената еуфорија кај сите дечиња, семејства и граѓани од сите возрасти во сабота ќе ја доживее своја кулминација. Токму утре, сабота на 11-ти јуни во нашата држава за прв пат доаѓа илузионист од рангот на светски популарниот Дејвид Коперфилд. Станува збор за најпопуларниот европски илузионист, кој воедно е најбрзиот магионичар во светски рамки, Једржеј Буковски. Буковски ќе настапи во сабота во 13:00 и 20:00 часот на платото пред Скопје Сити Мол како дел од затворањето на настанот кој привлече огромно внимание во јавноста, Magic World. Имено, од 20-ти мај Скопје живее во духот на моќта на илузијата и магионичарските трикови. Во Скопје Сити Мол за прв пат во нашата држава се случува токму овој несекојдневниот настан каде најголемо интересирање предизвика интерактивната изложба на популарните магионичарски трикови и илузии чиј основоположник е токму Полјакот Једржеј Буковски. Интересно е тоа што Једржеј работи со менаџерот на светски број 1 илузионистот на планетата, Дејвид Коперфил. Тој во моментов е на светска турнеја во која го има вметнато и Скопје каде граѓаните ќе можат да уживаат во неговото фантастично шоу на затворањето на Magic World во Скопје Сити Мол
„Многу ми е драго што сум дел од овој уникатен и спектакуларен настан кој што  достигнува неверојатна посетеност во Скопје и докажува уште еднаш дека  магијата и илузијата се вечни мистерии кои што сите луѓе од сите возрасти ги обожаваат. Сите присутни во сабота ќе имаат можност да бидат сведоци на многу интересни и мистериозни илузии, како на пр. појавување на девојка од уметничка слика, врнење на снег среде јуни, левитација, како и најбрза телепортација… Не би сакал многу да откривам бидејќи сакам граѓаните на Македонија да се изненадат на лице место и да уживаат во несекојдневната шанса. Би најавил само дека сите кои што ќе дојдат на 11-ти во Скопје Сити Мол треба да се подготват за големо шоу. Ви ветувам интересна забава и работи кои досега во живо не сте ги виделе,“ вели светски познатиот магионичар Једржеј Буковски
Во продолжение погледнете го видеото со неколку од триковите на Једржеј кое е вистински хит на YouTube
 Буковски ќе настапи во сабота во 13:00 и 20:00 часот на платото пред Скопје Сити Мол како дел од затворањето на настанот кој привлече огр

Поврзани вести