Учесниците на „Трката на Мирот“, како дел од својата маршрута низ Македонија, пристигнаа и во општина Кривогаштани. Тие беа пречекани од страна на првиот човек на општината, градоначалникот Тони Заткоски, а во свечениот пречек се вклучија и учениците од основното училиште ООУ „Манчу Матак“. Учениците по повод овој настан организираа и пригодна манифестација. Членовите од ликовната секција се претставија со ликовна изложба на тема „Мир“, хористите изведоа неколку музички точки, а додека пак учениците од литературно – рецитаторската секција се претставија со „ГОВОР ЗА МИРОТ“ и со „РЕЦИТАЛ ЗА МИРОТ“.Огромна чест ни претставува тоа што учесниците на оваа Трка на мирот или уште наречена „Шри Чинмој Единство-Дом Трка за Мир“ за прв пат ја посетија нашата општина. Пораката за мир, која што се упатува низ целиот свет симболично преку овој факел кој досега поминал низ повеќе од 49 европски држави, ќе биде пренесена и прифатена и во нашата општина, но и држава. Мирот не треба да биде само обичен збор кој се употребува без да се спроведува во реалноста. Сите ние со нашите дела, секојдневно, треба да бидеме пример како можеме, нашата општина, држава, но и целиот свет да го направиме подобро место за живеење. Им посакувам на учесниците на оваа манифестација успешно да ја завршат оваа трка“, истакна Тони Заткоски, градоначалник на Кривогаштани.
Инаку оваа трка започна на 21 февруари во Порто (Португалија). Се трчаат повеќе од 24 илјади километри низ 49 европски држави, а трката ќе финишира во Рим на 7 октомври. Додека трчаат учесниците во рака го носат постојано факелот на мирот.
Трката пред 29 години ја основал индиецот Шри Чинмој. Одтогаш оваа трка има посетено повеќе од 150 држави и се истрчани повеќе од 500 илјади километри. Едноставната порака на трката „Твој е првиот чекор!“ инспирираше милиони луѓе низ светот.
За време на трката тркачите поминуваат околу 100 километри на ден, а неколку возила постојано го следат тимот на тркачи кој со себе го носи факелот од град до град.
Учесниците на Трката на Мирот утре во 9 часот треба да пристигнат во општина Крушево каде е организиран пречек од страна на Општина Крушево на влезот на градот, кај раскрсницата, со тоа што маратонците заедно со граѓаните на Крушево ќе продолжат да трчаат до Градскиот Плоштад. Таму е предвидено да се одржи краток перформанс кој опфаќа рецитали, ликовна колонија и музички точки припремени од учениците од ООУ „Никола Карев“ Крушево. По завршувањето на перформансот, маратонците ја продолжуваат својата трка кон Демир Хисар. Огромна чест ни претставува тоа што учесниците на оваа Трка на мирот или уште наречена „Шри Чинмој Единство-Дом Трка за Мир“ за прв пат