Европскиот Суперкуп на арената „Филип Втори“?

Спортскиот портал “ekipa.mk” според извори од ФФМ, известува дека арената „Филип Втори“ ќе биде вклучена во изборот за домаќин на европскиот Суперкуп во 2016-та година. 
Оваа вест може звучи неверојатна, но не и невозможна. По реконструкцијата нашиот стадион стана еден од најубавите во регионот, на кој може да се играат натпревари од ваков ранг. „Филип Втори“ со неколку корекции може да стане домаќин на еден голем европски настан. 
„Ќе ни требаат некаде околу 20 милиони евра за да се комплетира арената „Филип втори“. Потребни се корекции на стадионот, за да се заокружи конструкцијата. Ќе мора да се подобри инфраструктурата за пристап до стадионот, да се корегираат недостатоците во внатрешниот дел, но вреди да се направи напор и да се поднесе кандидатура за организација на Суперкупот на УЕФА“, изјавил изворот за ekipa.mk.
Извор: ekipa.mkСпортскиот портал “ekipa.mk” според извори од ФФМ, известува дека арената „Филип Втори“ ќе биде вклучена во изборот за домаќин на европ

Пронајдете не на следниве мрежи: