Европските акции зајакнаа, во фокус деловните извештаи

Европските акции зајакнаа во средата во нервозна трговија,а  во фокусот повторно беа мешовитите деловни извештаи на компании.Лондонски FTSЕ порасна за 0,17 отсто, на 6.349 поени, париски CAC се зголеми за 0,19 отсто, на 3.693 поен, додека франкфуртскиот DAX беше во најголем плус од 0,69 отсто, на 7.713 поени.Холандскиот производител на пиво Heineken зајакна за 5,1 отсто благодарение на неочекуваниот добар деловен резултат. Францускиот производител на автомобили PSA Peugeot Citroen скокна за 5,8 отсто, иако извести за рекордна загуба од пет милијарди евра во 2012 година, со оглед дека резултат беше очекуван, а најавен е план за заштеда од дополнителни 900 милиони евра.Неочекувано голема тримесечна загуба објави Societe Generale во четвртиот квартал, што резултираше со пад на цената на нејзината акција за четири отсто.Тешко е  да се види јасен тренд, барем додека не добиеме некои макроекономски податоци, но општо земено не би се изненадил доколку европските акции малку ослабнат“, вели Nicolas Cheron аналитичар од FXCM.По силниот пораст во средината на ноември, европските акции почнаа да слабеат во декември под притисок на обновените стравувања од политички ризик во јужна Европа, слабите деловни резултати и прогнозите на компаниите кои го пригушија апетитот на инвеститорите за акции.
МакфаксЕвропските акции зајакнаа во средата во нервозна трговиј

Пронајдете не на следниве мрежи: