Европските берзи силно ослабнаа во вторникот поради постизборната пат-позиција во Италија, кој ги поттикна стравувањата меѓу инвеститорите дека политичката блокада би можела да ги одложи реформите во оваа држава.Лондонски FTSЕ падна за 1,38 отсто, на 6.267 поени, франкфуртскиот DAX се намали за 1,87 отсто, на 7.627 поени, а париски CAC беше во плус од 2,44 отсто, на 3.630 поени.Најголем пад забележа италијанскиот индекс FTSE MIB, кој се спушти за дури 4,7 отсто.Резултатите до преброените гласови на италијанските парламентарни избори укажуваат дека блокот на левиот центар го освои долниот дом, но не обезбеди мнозинство во сенатот. Се стравува дека поделениот парламент ќе го отежне усвојувањето на плановите за заживување на економијата, што пак може да го блокира кастрењето на јавниот долг.Нерешениот изборен резултат подразбира дека Италија можеби ќе мора да одржи нова избори, доколку не биде формирана стабилна коалиција.Во изминатата година токму способноста на Италија и Шпанија да ги реформираат своите економии, да го поттикна растот и да го намалат долгот беше во центарот на вниманието, па нерешениот исход од италијанските избори ги поттикнува стравувањата за нова неизвесност во еврозоната.Овие стравувања најмногу го погодија банкарскиот сектор, кој во просек ослабна за 2,7 отсто. Силен пад забележаа во прв ред акциите на италијанските банки, па Intesa и UniCredit ослабнаа за 10, односно осум отсто.
МакфаксЕвропските берзи силно ослабнаа во вторникот поради постизборната пат-позиција во Италија, кој ги поттикна стравувањат