Европските берзи притиснати од рударскиот и банкарскиот сектор

Загриженоста за глобалниот раст го притисна во понеделникот рударскиот сектор, спуштајќи ги европските берзански индекси, а товар беше и банкарскиот сектор, поради разочарувачките деловни резултати на британскиот гигант HSBC. Лондонски FTSE падна за 0,43 отсто на 6.351 поени, франкфуртски DAX  за 0,34 отсто на 7.682 поени, додека париски CAC беше во плус за 0,25 отсто и изнесуваше 3.709 поени. Индексот на рударскиот сектор потона во просек  за 2,3 отсто, откако Пекинг ја зајакна контролата над секторот за недвижности, кој е голем потрошувач на основни метали. Ова воедно ги влоши очекувањата за економскиот раст Песимизмот на берзите е поттикнат и од проценките дека Вашингтон нема да успее да избегне автоматско намалување на буџетот кое би можело да го намали растот на најголемата светска економија. Меѓународниот рударски гигант Anglo American загуби на вредноста три отсто. „Во целина малку сум загрижен и сметам дека берзите нема во краток рок да ги надминат неодамна зголемените нивоа на индексите“, смета Хајнц-Герд Зоненшајн стратег во Deutsche Postbank. Повеќето клучни европски индекси ослабнаа во однос на највисоките нивоа во изминатите неколку години забележани кон крајот на јануари во рамки на корекциите кои беа поттикнати и од слабите корпоративни и макроекономски податоци, наведувајќи ги инвеститорите на повлекување. „Покрај макроекономската несигурност, компаниите во Европа не остваруваат толку добри резултати како во Америка“, вели Зоненшајн Половина од европските компании кои досега ги објавија своите деловни резултати за последниот квартал од годината не ги исполнија очекувањата. Меѓу губитниците денеска се издвои и банкарскиот сектор, притиснат со пад на цената на акцијата на HSBC за 2,8 отсто. Најголемата европска банка извести за помала од очекувана добивка пред оданочување минатата година. Осигурителната компанија Aviva загуби на вредноста исто така за 2,8 отсто поради загриженоста дека може да ја намали дивидендата.
МакфаксЗагриженоста за глобалниот раст го притисна во понеделникот рударскиот сектор, спуштајќи ги европските берзански индек

Пронајдете не на следниве мрежи: