Еврпојаните сметаат дека санкциите против Русија нема да ја решат украинската криза

Повеќе од третина од Евројаните, 35 отсто, сметаат дека санкциите коишто Европската унија ги воведе против Русија, поради нејзината наводна улога во украинската криза и затоа што ја обвинува дека го анектирала црноморскиот полуостров Крим, одиграле негативна улога во решавањето на кризата во Украина, покажува анкетата на компанијата ИЦМ Рисрч направена во Велика Британија, Франција и Германија.Процентот на оние кои сметаат дела влијанието на санкциите во надминувањето на кризата во Украина е позитивно, е помало од 26 отсто. Малку повеќе, 28 проценти, сметаат дека санкциите воопшто нема никакво да влијае врз решавањето на украинската криза.
Оцените за влијанието на европските санкции против Русија, значително се разликуваат во земјата во којашто се вршело испитувањето на јавното мнение на ICM Research. Така, во Велика Британија 40 отсто од испитаниците позитивно го оцениле влијанието на санкциите за решавањето на украинската криза, додека 21 процент од Британците сметаат дека санкциите имале негативна улога.
Во Германија, пак, напротив, 54 отсто од испитаниците се изјасниле дека санкциите на ЕУ против Русија негативно влијаеле врз смирувањето на кризата во Украина, а само 16 проценти ги поддржуваат санкциите,
Жителите на Франција се поделени по ова прашање, па така, најголемиот дел – 37 отсто сметаат дека санкциите не одиграле никаква улога во надминувањето на украинската криза, 30 отсто ја истакнале негативноста на санкциите, а 23 проценти од испитаниците сметаат дека ги поздравуваат западните санкции против Русија.
Испитувањето на ICM Research било спроведено во периодот од 5-ти до 17-ти декември годинава, врз примерок од 3.013 лица, (1.001 во Велика Британија, 1.001 во Германија, 1.011 во Франција), при што бил запазен примерокот кој го претставува населението во секоја земја, според полот, возраста и местото на живеењеПроцентот на оние кои сметаат дела влијанието на санкциите во надминувањето на кризата во Украина е позитивно, е помало од 26 отсто. Малку повеќе,

Пронајдете не на следниве мрежи: