Фабриката за афери имала администраторски пристап до портали блиски на опозицијата

Фабриката за афери имала администраторски пристап до некои портали блиски до СДСМ, преку кои во изминатиов период се пласираа низа невистини во јавноста.Во компјутерите на осомничените во Фабриката за афери пронајдени биле и неколку готови текстови спремни за објавување.
На еден новинар кој во моментов се бара со потерница за сериозно кривично дело, во неколку случаи било договарано да му се носат пари во рака за да застане за сите невистини кои фабриката на опозицијата требало да ги пласира.
Сопругата на прво осомничениот веќе е вработена во Паркинзи општина Центар, а изворот на порталот вели дека истрагата дополнително ќе утврдува каква била улогата на Саша Богдановиќ кој е директор на ова јавно претпријатие каде се вработени голем број функционери на СДСМ.
Не се исклучува можнста Богдановиќ кој истовремено е и претседател на општинската организација на СДСМ во скопски Центар да бил инволвиран во целата афера, но за тоа како што велат, треба да се почека комплетната проверка на обемниот доказен материјал.
Она што се знае до сега од дел од проверениот доказен материјал е дека има голем број на снимени телефонски разговори  од македонски политичари, бизнисмени и лица кои значат нешто во општествениот живот. Претпоставките се дека со овие снимки, фабриката за афери и сите луѓе вмешани во неа планирале да тргуваат, односно да вршат уцени и да изнудуваат пари.Во компјутерите на осомничените во Фабриката за афери пронајдени биле и неколку готови текстови спремни за објавување.
На еден новинар кој

Пронајдете не на следниве мрежи: