Facebook Graph Search достапен за сите корисници

Конечно Фејсбук го објави за сите корисници новиот начин на пребарување – Graph Search чија цел е полесно пребарување низ „рудникот“ на информации создаден од корисниците, во кој се содржи се од статуси и „лајкови“ до слики.
Како продукт ова пребарување беше во бета тестирање повеќе од шест месеци, но сега е достапно за сите корисници со „US English“ јазично подесување откако десетина милиони корисници помогнале во доразвивање и подобрување на продуктот, праќајќи повратни информации до Фејсбук.
Ова пребарување функционира со одговарање на кориснички прашања користејќи информации кои корисниците ги ставиле на својот Фејсбук. Во пребарување може да се користат информациите од „лајковите“ за рестораните кои ги имате дадено до информацијата за моменталниот статус на вашата врска.
Фејсбук уште на почетокот ги отфрли тврдењата дека Graph Search ќе биде конкуренција на Google, а Марк Закерберг разликите ги објаснуваше со: „Веб пребарувањето е дизајнирано да земе прашање кое не е стриктно (open-ended query) и да врати линкови кои можеби содржат одговор. Graph пребарувањето е дизајнирано да земе прецизно прашање и да даде одговор, а не линкови кои можеби ќе дадат одговор“.
Од Фејсбук се надеваат дека оваа информација ќе се користи на соодветен и одговорен начин. Пример: „Bars in Skopje liked by my friends“ или „Friends of my who like The Doors“. Но алгоритмите кои го прават пребарувањето се многу по отворени, па некои резултати може да бидат и загрижувачки.
Следењето на бета верзијата од јануари оваа година покажало дека пребарувањето има и доста бизарни и морбидни можности. Пример: „Married people who like Prostitutes“, „Single women who live nearby and are interested in men and like Getting Drunk“ и не грижете се, ги добивате нивните имиња и слики.
Фејсбук дава се од себе да се справи со овие проблеми околу приватноста (видете го видеото подолу), но откако ќе се надмине непознавањето на просечниот корисник, најголем предизвик за индивидуалната приватност е самиот Фејсбук.
Иако според основните подесувања приватноста е на прво место, сепак скриените фотографии се уште ќе се прикажуваат на Фејсбук – на timeline-от на пријателите или во резултатите од пребарувањето.Конечно Фејсбук го објави за сите корисници новиот начин на пребарување – Graph Search чија цел е полесно пребар

Пронајдете не на следниве мрежи: