Фантастични КОКОС КОЦКИ кои ги освоија сите кои сакаат благо со својата едноставност и фасцинантна аромаСостојки:
за темното тесто
150гр мелени лешници
200 гр брашно
240 гр путер
120 гр шеќер
4 лажици какао во прав
2 лажици шлаг
За тестото со кокос:
400 гр кокос
200 гр кандирани цреши
50 г сушени вишни
400 мл шлаг со вкус на кокос
3 лажици густин
30мл бел рум
200 гр слатка павлака
2 кесички ванилин шеќер
2 кесички шлаг фикс
За глазура:
300 гр темно чоколадо
неколку капки масло
Подготовка:
Сите состојки за темното тесто измиксајте ги, направете кора, завиткајте во фолија и оставете ја во фрижидер. После 30 минути тестото расукајте го со сукало, ставете во плех обложен со масна хартија и печете во рерна на 180 С околу 25 минути.
Во меѓувреме загрејте го кокосовиот шлаг, додадете густин, 50 мл вода, ситно сечканите вишни и гответе една минута со постојано мешање. Ставете рум и кокос, уште кратко мешајте, па тргнете од рингла, изладете и додадете ги сецканите вишни.
Слатката павлака изматете ја со ванилата и шлаг фикс, измешајте во кокосовиот крем, исфилувајте ја кората и оставете да се олади во фрижидер 2 часа.
Чоколадото стопете го на пареа со малку масло, прелијте го оладениот колач и исечете на коцки.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки:
за темното тесто
150гр мелени лешници
200 гр брашно
240 гр путер
120 гр шеќер