Ни претстои седмото издание на Скопје постер фестивалот, некогашниот студентски конкурс, а денес збиднување кое прерасна во препознатлив, оригинален фестивал. Здружението на графички дизајнери ПЛАКАРТ, поддржани од Министерството за култура на Република Македонија и Младинскиот културен центар, се сигурни дека и овој пат ќе ги задоволат вкусовите на креативната фела.Скопје постер фестивалот останува доследен на своите претходни изданија и повторно најавува богата програма предводена од врвни имиња од светот на графичкиот дизајн. Со гордост најавуваме дека оваа година сме домаќини на Ива Бабаја – претседател на светската дизајн асоцијација Icograda и Давор Брукета –еден од најуспешните дизајнери во Југоисточна Европа, со 400 награди како признание за неговите генијални креативни проекти, Борут Вилд, еден од најинспиративните балкански дизајнери со над 100 меѓународни проекти, иницијатор на бројни успешни регионални дизајн збиднувања.
Од 4.12.2014 до 20.12.2014 под мотото “Дизајн за мир“ ќе имате можност да погледнете идејни решнија на графички дизајнери кои на исклучителен начин ја искористиле својата креативност, а кои ќе бидат селектирани од горе споменатите членови на жири, но и да дознаете нешто повеќе за “Состојбата на дизајнот на Балканот и негово интегрирање во едукативните процеси“ во рамки на истоимената прва регионална дизајн конференција одржана во земјава.Скопје постер фестивалот останува доследен на своите претходни изданија и повторно најавува богата програма предводена од врвни ими