Фантастични шпански питички – Едноставен и брз појадок за вашите најмили!

Многу се згодни за појадок или ужина, брзо се прават, а уште побрзо најдете некој само да ви ги исецка намирниците додека вие матите.Потребни состојки:
1 чаша јогурт
2 чаши брашно
½ чаша масло
3 јајца
1 прашок за пециво
сол
околу 120 гр печеница или сланина
исто толку сирење и краставички
Количината зависи од вкусот и материјалот кој ви е при рака. Оваа количина е само предлог.
Вклучете ја рерната да се грее.
Почнете со подготовка на тестото.
Сето ова изматете го во глатка смеса, додавајќи една по една од состојките, по овој редослед:
Јајца, масло, јогурт, брашно и прашок за пециво, сол.
Во тестото ставете ги месото, сирењето и краставичките.
Промешајте со лажица.

На сликата изгледа како руска салата но не се залажувајте, и понатаму е во прашање шпанска пита.
Сега смесата рамномерно распоредете ја во 12 дупчиња од модлите за мафини.

Доколку плехот ви лепи, ставете хартиени корпички.
Кога рерната ќе биде загреана, ставете и печете околу 20 минути или додека питичките не нараснат и не поруменат. Вкусни се и топли и ладни.
Добар апетит.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Потребни состојки:
1 чаша јогурт
2 чаши брашно
½ чаша масло
3 јајца
1 прашок за пец

Пронајдете не на следниве мрежи: