ФАНТАЗИЈА: Бајадера торта која ќе ве освои!

Се двоумите каков десерт да имате во текот на следната работна недела, за „случајно“ да не ви падне шеќерот? Го имаме решението за вас!Долна кора:
 
300 г мелени плазма бисквити
125 г маргарин
100 г шеќер во прав
 
Средна кора: 
 
250 г мелени ореви
1 филџан за кафе врело млеко
125 г маргарин
100 г шеќер во прав
 
Трета кора: 
 
2 кесички пудинг од ванила
800 мл млеко
250 г маргарин
150 г шеќер во прав
2 кесички шлаг пена
млеко
 
Подготовката на оваа незаменлива торта е во продолжение:
Долна кора:
Маргаринот и шеќерот во прав се матат пенасто. Се додава мелената плазма и се соединува смесата. Тавата се премачкува со маргарин и се става долната кора. Тавата се става во фрижидер. 
Средна кора:
Мелените ореви се попаруваат со врело млеко, се меша и се остава да се излади. Маргаринот се мати пенасто со шеќерот во прав, а потоа се соединува со ладните ореви. Смесата се нанесува над долната кора, се рамни и се враќа во фрижидер. 
Трета кора:
Пудинзите се варат во млекото и се оставаат да се изладат, повремено се промешува. Маргаринот се мати пенасто со шеќерот во прав и се меша со ладниот пудинг, сè добро се мати и се нанесува над втората кора. Тортата повторно се става во фрижидер. Шлаг пената се мати со млеко и се нанесува над третата кора. Се украсува по желба. Долна кора:
 
300 г мелени плазма бисквити
125 г маргарин
100 г шеќер

Пронајдете не на следниве мрежи: