Човек само треба да ги следи изјавите што г. Заев ги дава на медиумите. Ништо повеќе. Секоја изјава е приказна за себе и по себе, полна со контрадикторности, со нелогичности, со медиумски балони и измислени проблеми, пишува во својата колумна Тања Каракамишева- Јовановска.Кога гo слушате г. Заев како ја објаснува политичката состојба во државата се добива впечаток дека некој не е одовде, само прашањето е кој живее во друга димензија или на друга планета, дали ние, илитој, и неколкумина од нив. Дали нашата држава е навистина фантомска творба која според тоа како СДСМ упорно ни ја претставува во многу наликува на она познато грчко тврдење дека ние, македонците сме вештачка нација која живее во вештачки измислена држава и дека како измислена конструкција немаме право да се нарекуваме така како што сакаме, туку само така како што Грците ќе ни наредат.
Споредбава на сдсмовското сценарио за фантомизација на македонската држава со вековната заложба на грчките власти да не претстават како вистински фантоми по држава и пород е повеќе од логична затоа што практично доаѓа од ист центар на интерес, од иста политичка идеја, од иста негаторска матрица. СДСМ е партија која постојано и дава живот, и дава нова енергија на грчката политика дека во оваа држава не живеат суверени македонски граѓани со свое име и своја историја, сегашност и иднина, туку дека живеат фантоми со непостоечки идентитет, измислени креатури за потребите на ВМРО-ДПМНЕ.
Навистина треба да си чудо од нечовек за да можеш вака дасе однесуваш кон сопствените граѓани и кон сопствената држава. Ако навистина раководството на СДСМ смета дека Република Македонија е земја на фантоми тогаш зошто очајно се обидува да дојде на власт и да ги завладее фантомите? Каква корист ќе има партијата да владее со виртуелниграѓани и со непостоечка држава? Затоа што кога ги негираш граѓаните и ги нарекуваш фантоми ја негираш и државата. Многу просто.
Или станува збор за едно крајно расипано сесрдно политичко одработување и помагање на грчката политичка кауза да се урне и упропасти се што се нарекува македонско на ова тло за да може потоа по чистењето на македонските фантоми да може без отпор да завладее политиката на безимените и послушните грчки и наводно проевропски сили кои немаат проблем со тоа како ќе ги нарекуваат другите и како ќе се ословуваат тие самите. Па нели тие и онака се либерално настроени, за нив името е само обична додавка на физикусот која не значи баш ништо.
А зошто навистина и мора да се има име. Па тие немаат никаков проблем да се завртат и на свирче. Бог да чува и да брани од вакви политичари. Тешко на државата од вакви борци за слобода и демократија кои немаат никаков усул во процесот на целосна дискредитација на државата. И неслучајно Французите донесоа посебен уставен закон за заштита на нацијата. Токму со цел да се одбранат од националните натрапници кои не и мислат добро на француската нација. Искуствата на другите нации, но и на нашето вековно ни даваат знаци и конкретни насоки како треба да се однесуваме и што треба да направиме кога нацијата и државата се доведени во прашање.
Кога е доведена во прашање правната сигурност на граѓаните, безбедноста и националната сигурност поради континуираното и свесно уривање на уставно-правниот систем и националното достоинство на граѓаните.
Хистеричното ширење на процесот на фантомизација на македонската држава мораинституционално и правно да се спречи. Мора бескомпромисно да се реагира на овалудо сценарио кое носи корист само и само на лидерот на СДСМ и неговата мала дружина.
Тие ги бранат последните денови од своето политичко постоење во Република Македонија. Тие се свесни дека нема што да изгубат и ќе одат до крај со оваа политичка лудорија.
Но,ние граѓаните имаме многу што да изгубиме.
Затоа требада се спротивставиме на овој бесмислен политички експеримент што нема за целдобробит за државата, туку разградување на македонското ткиво, внесување немир и параноја меѓу Македонците и чекорење кон националната бездна за остварување на туѓи интереси.Кога гo слушате г. Заев како ја објаснува политичката состојба во државата се добива впечаток дека некој не е одовде, само прашањето е кој живее во