Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против Т.Т. (25) од струмичко село поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „силување“, казниви по член 186 став 4 од Кривичниот законик на Република Македонија.Пријавениот ги извршил делата во периодот од 01.45 часот на 29.12.2017 година до 05.00 часот на 02.01.2018 година на подрачјето на Струмица. Според документираните сознанија, Т.Т., на улиците „Васил Сурчев“, на бул. „Маршал Тито“,„Младинска“, ул. „Невена Стојкова“ и ул. „Народна Револуција“, ги напаѓал жртвите, но откако му пружале отпор бегал од местото, информираат од МВР.
На 02.01.2018 година, по извршено кривично дело, во момент кога бегал, забележан е од полициски службеници, по што бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Струмица.
По целосно документирање на настанот, тој со кривична пријава е предаден во Основното јавно обвинителство Струмица.
Пријавениот ги извршил делата во периодот од 01.45 часот на 29.12.2017 година до 05.00 часот на 02.01.2018 година на подрачјето на Струмица. Според