Ова не е прв случај во кој ЈП Паркинзи на Општина Центар се користат за партиски цели на СДСМ.Веќе неколкупати имавме можност да видиме како вработените на ЈП Паркинзи на Општина Центар се користат за политичките цели на Жерновски. Но, денес имате можност да ја погледнете и фотографијата на која се гледа како се искористуваат вработените во ова претпријатие.
Имено, ова не е ни прв ни последен случај но е голем доказ за лошата политика која ја спроведува СДСМ.
Од друга страна истите тие вработени воопшто не можат да ја вршат работата за која што се платени.
Ова е уште еден доказ дека СДСМ и коалицијата се оние кои вистински ги малтретираат и искористуваат оние кои ги вработиле. Исто така е уште еден доказ дека изјавата на Заев дека ќе ги „отпушти од работа сите што не се партиски членови СДСМ“ кога би дошле на власт, е вистинита.
Жално е тоа што токму СДСМ најмногу се буни против партиски вработувања и искористувањето на лицата кои наводно се партиски вработени од страна на ВМРО.
Притоа, СДСМ постојано повторува дека ВМРО-ДПМНЕ се залага за партиски вработувања, но оваа фотографија јасно покажува дека СДСМ не само што успева секаде каде што е на власт да ги вработи своите партиски членови туку и ги користи исклучиво за свои цели.
Веќе неколкупати имавме можност да видиме како вработените на ЈП Паркинзи на Општина Центар се користат за политичките цели на Жерновски. Но,