Ние жените понекогаш сакаме постари момци, а зошто е тоа така ? Бидејќи тие се позрели од мажите од нашата генерација. Проблемот е што додека нам ни се допаѓаат постарите момчиња поради нивната зрелост, можеби ние ќе ги вознемириме поради нашиот недостиг на зрелост.
Еве неколку општи правила што треба да ги знаеме ако не сакаме да го излудиме нашето постаро момче:
Не му се јавувајте повеќе од еднаш во денот. Ако му се јавувате по неколку пати, тој ќе ви каже дека е зафатен. Едноставно кажете му да ве побара подоцна.
Бидете внимателни со неговото време – не му го одземајте. Тој покрај обврските на работа сигурно има и семејство, пријатели и другари со кој сака да разговара.
Зезањето оставете го за подоцна. Не играјте си со него. Ако пробате тоа да го направите тој ќе ве смета за “играчка“ и врската нема да оди никаде.
Не му кажувајте дека го сакате прерано. Тоа може да го исплаши. Ако тој прв ви каже дека ве сака, во ред, кажете му и вие. Но немојте премногу рано. Ќе знаете кога е вистинското време за тоа.
Излегувања со другарите. Оставете го ако се договорил да излегува со другарите и не ве повикал вас. Тоа не значи дека ќе одат во лов на девојки. Едноставно и тие сакаат да се забавуваат на свој начин. Бидете трпеливи, следната вечер ќе излезе со вас.
Бидете искрени со него. Ако некогаш ве фати дека лажете прифатете го тоа одговорно и извинете се. Ова ќе покаже колку сте зрели за вашите години.Проблемот е што додека нам ни се допаѓаат постарите момчиња поради нивната зрелост, можеби ние ќе ги вознемириме поради нашиот недостиг на зрелост.