Едно истражување спроведено на Универзитетот во Мичиген научно потврдило дека честото користење на познатата социјална мрежа Фејсбук моѓе да предизвика депресија. Тоа го предизвикуваат сликите на среќните парови, патувањата, вестите или напредокот во кариерата итн.Во свет во кој социјалните мрежи стануваат поважни од реалниот живот, никогаш не е доста од предупредувања за тоа колку претераното нивно користење може да ни наштети.
Истражувањето е спроведено на студенти во траење од две недели во врска со тоа колку време тие поминуваат на оваа социјална мрежа и како се чувствуваат после тоа. Резултатите биле јасни: колку повеќе користеле Фејсбук, толку повеќе им се намалувало задоволството од сопствениот живот.
Иако одамна е познато дека луѓето на своите профили ги објавуваат само оние добрите работи кои им се случуваат во животот, иако тоа секогаш не е така ( а најчесто и не е), наизглед „совршениот“ живот на пријателите поттикнува омаловажување на својот живот. Додека „Фејсбук“ секако има и позитивни страни, како што е одржување контакт со луѓето, секојденевно се зголемуваат оние негативните, кои понекогаш можат многу да не коштаат.
Како на вас делува оваа социјална мрежа?Во свет во кој социјалните мрежи стануваат поважни од реалниот живот, никогаш не е доста од предупредувања за тоа колку претераното нивно користење