ФЕЈСБУК СЈО ИМА ПРОБЛЕМ СО „ИМИЏИТЕ“

Навистина е несфатлива, и целосно е шокантна нестручноста и неподготвеноста на СЈО да постапува и да презема законски дејствија по предметитешто му се ставениво негова основна законска надлежност. Непоимливо е, шокантно е, колку овој орган има основни непознавања од материјата што треба не само да ја познава, туку беспрекорно и најсуверено од сите во државата да ја владее.Непоимливо е главната специјална обвинителка да не знае како и кој го администрира оперативниот систем за прислушување во земјата, што може да се побара како податок од тој систем, и која е процедурата на поднесување барања за извлекување и истражување на податоците од него. Катастрофално е за главна специјална обвинителка да мисли дека се што треба да направи е само таа и нејзиниот тим да се појават во УБК, да испорачаат барања, па дури и судските налози да ги бараат од УБК!?, и дека таму сите вработени треба да се постројат во ред пред неа, и да даваатуслуги по нејзиниот ум. Веројатно Јанева и нејзиниот тим заборавија дека не се наоѓаат во ресторант каде келнерите ги постројуваат и им даваат нарачки од менијата, а тие се должни веднаш да им ги донесатна трпезата. Кафеаните каде Јанева и тимот си прават нарачки и гозби со народни пари се една работа, а УБК, работата на овој орган и неговите вработенисе сосема друга работа.
Навистина е шокантно колку оваа жена нема поим што зборува, како се расфрла со стручни термини и фрази небаре е на тезгите на „Буњаковец“, а не главна, специјална обвинителка што треба до детали да ја владее материјата која и е доделена како нејзина основна обврска. Како е можно од главниот обвинител и од нејзиниот тим граѓаните да очекуваат декастручно, професионално, непристрасно и одговорно ќе ја водатпредистражната иистражната постапка по предметите кога истите не знаат како да се отплеткаат од сопственото незнаење, и уште повеќе од искажаните во јавноста лаги. Наместо да „плаче“ по опозициските медиуми дека некој друг ја опструира во нејзината работа, и дека некој друг е виновен за нејзината целосна неснајденост и дилетантизам во постапувањето, Јанева треба прво да седне со тимот и подетално да се запознае со законските правила, и со специфичните постапки поврзани со оваа материја по однос на тоа како и кој е начинот да се дојде до бараните информации, како базично функционира оперативниот систем за прислушување, што значи процесот на одделување на завршените од актуелните и во тек посебни истражни мерки што се водат во системот, и слично. Потребно е наместо да „плачат“ по прес-конференции и да даваат уличарски изјави дека некој друг им смета во работата прво тие елементарно да ја разберат работата за која што се наоѓаат во УБК.
Непоимливо е главен обвинител да дава изјави од улица, да се обраќа до народот небаре држи политички изборен митинг за тоа колку време седела во МВР и пиела кафе со министерот!?, а некој друг и правел опструкции замислете во добивањето на бараните„имиџи“!? Ако оваа жена има блага врска која е разликата меѓу барање на некакви си „имиџи“ и барања за извлекување на потребни информации од системотнавистина ќе треба да се части. Ако целиот тим на Јанева до вчера имаа основен поим дека системот за прислушување не е во сопственост на МВР, а уште помалку на УБК, туку дека е во сопственост на посебен оператор кој има обврска да го администрира, апдејтира и води, повторно и за тоа треба да се части. Додека вчера не ги седнаа и не им нацртаа на блокче број еден како на деца од забавиште дека никој не ги опструира во нивната работа, туку дека едноставно не може да се направи извлекување на бараните податоци без за тоа да биде информиран сопственикот на системот, и посебно овластеното лице од сопственикот за таа работа, Катица Јанева во нејзиниот познат холивудски стил „го запознаваше македонскиот народ“ со „невидените опструкции што и се прават“ небаре сите ние сме должни да бидеме запознаени со сите детали од нејзината работа. Од друга страна, можеби е и добро што Јанева одлучи да го информира целиот македонски народ за тоа колку таа нема поим што прави и како прави.
Со информациите што јавноста ги доби директно од устата на Катица Јанева, всушност, ние добивме уште еден многу важен податокдека Јанева вчера сакала да направи неповикан, незаконски влез во системот штово превод значи директен упад на СЈО во системот за прислушување во државата, со што Јанева можела да ја стави во опасност националната безбедност и сигурност на граѓаните и на целата држава. Јанева со своето незнаење откри дека вчера таа и нејзиниот тим направиле обид за државен удар, кога потпомогнати со вооружените до заби Алфи влегле во просториите на системот, и без да имаат поим што прават сториле државен удар во обид. Дилентантизмот на СЈО нема крај. Незаконското постапување на луѓето вработени во СЈО ќе мора не само да се евидентира како податок, туку и да почне да се постапува по него и да се санкционира ако сакаме работата со СЈО да не отиде премногу далеку…
Пишува Тања Каракамишева ЈовановскаНепоимливо е главната специјална обвинителка да не знае како и кој го администрира оперативниот систем за прислушување во земјата, што може да се п

Пронајдете не на следниве мрежи: