Сношти вечер, во ЦК „Марко Цепенков“ се одржа вториот фестивал на руската дијаспора „Јубилејна Русија“ преку кој се пренесоа значајни јубилеи на оваа држава. Во убава атмосфера настапија рускиот вокален ансамбл „Чајка“ и составот Славјанка. Публиката уживаше, а фестивалот го поздравија градоначалникот Марјан Ристески и Артем Руманцев како претставник на Амбасадата на Руската федерација во Макеоднија.
Во рмаките на фестивалот во ликовниот салон беше поставена изложба на детски цртежи и ракотворби..
Фестивалот е поддржан од општина Прилеп, Амбасадата на Руската федерација во Македонија и од Управата на градот Москва.Во убава атмосфера настапија рускиот вокален ансамбл „Чајка“ и составот Славјанка. Публиката уживаше, а фестивалот го поздравија градон