Фестивал на органска храна

Денеска /07.10.2016 година/ на плоштадот „Македонија“ од 10 до 18 часот традиционално, по шести пат, се одржува „Фестивалот на органска храна“.Фестивалот кој се одржува под мотото „Здраво секојдневие и начин на живот“, има за цел да го промовира користењето органска храна како важен сегмент во секојдневната  исхрана на човекот и да ги потенцира сите предности кои ги носи користењето на органската храна за здравјето на граѓаните.
На фестивалот на органска храна се претставени 20-тина производители на органска храна, а се одржуваат и работилници и предавања за деца и возрасни.
Во изложбениот дел на фестивалот, граѓаните имаат можност да ги видат и вкусат производите на повеќе од 20-тина органски производители и компании кои нудат здрава храна: органски мед, органски зеленчук и овошје, органска козметика и многу други.
Фестивалот на органска храна оваа година е во организација на здружението на граѓани „Подиум Скопје“ со финансиска поддршка од Градот Скопје во износ од 200.000 денари.Фестивалот кој се одржува под мотото „Здраво секојдневие и начин на живот“, има за цел да го промовира користењето органска х

Пронајдете не на следниве мрежи: