Македонските љубители на фудбалот ќе имаат одлична можност да за многу ефтини билети ги проследат натпреварите со Велс и Шкотска.Ништо не е загубено, тоа и е познато на македонската фудбалска јавност, доколку не можеме за првите две позиции, тогаш сигурно можеме за третата позиција во квалификациската група „А“.
Не чекаат две последователни натпревари на домашен терен на „Националната Арена Филип Втори“.
Фудбалската Федерација на Македонија на задоволство на сите големи љубители на мак фудбалот во продажба пушта мошне ефтини билети со што јасно става дознаење дека сака полна арена на овие натпревари.
Цените за натпреварите се исти, достапни се во продажната мрежа на МК Тикетс (www.mktickets.mk), а ќе бидат по цена од 100 денари за источната и западната трибина, и 200 денари за јужната и северната трибина.
Првиот натпревар со Велс го играме на 6-ти септември со почеток од 20 часот, додека пак мечот со Шкотска го играме само четири дена потоа со почеток од 20,30 часот.
Нашата селекција со освоени 4 бода се наоѓа на последното, шесто место во својата квалификациска група, каде исто така се наоѓаат и Белгија 19, Хрватска 16, Србија 7, Велс 6 и Шкотска 5.
Фото: Фудбалска Репрезентација на Македонија (Facebook)Ништо не е загубено, тоа и е познато на македонската фудбалска јавност, доколку не можеме за првите две позиции, тогаш