FIAT-Chrysler ги предизвика хакерите!

FIAT-Chrysler Automobiles (FCA), официјално објави дека секој компјутерски специјалист, којшто ќе успее да ја пробие програмата на нивните модели, ќе добие паричен надомест.За оваа цел, FCA создаде посебен сајт, на кој секој хакер ќе може да ѝ пишува на компанијата за пронајдените пропусти во компјутерскиотсистем на нејзините автомобили.
Во Алијансата се подготвени да платат помеѓу 150 и 1500 долари за доставувањето на таквите информации. Италијанско-американскиот сојуз го прави тој потег, откако пред една година професионалните хакери Чарли Милер и Крис Валасек успеале да ја преземат контролата врз системите на Jeep Cherokee.
Двајцата се користеле лични лаптопи. Прво се приклучиле на радиото, трепкачите и бришачите на возилото, а потоа успеале да го стартуваат и моторот. А кога возачот на автомобилот е тргнал на пат, Милер и Валасек му го исклучиле системот за сопирање и на крајот теренецот се најде во ендек покрај патот.
Хакерите побрзаа да се пофалат пред медиумите и ги посочија конкретните слабости во компјутерската заштита на автомобилите. Тоа ја принуди FCA да создаде нова програма.За оваа цел, FCA создаде посебен сајт, на кој секој хакер ќе може да ѝ пишува на компанијата за пронајдените пропусти во компјутерскиотсистем на не

Пронајдете не на следниве мрежи: