Фибула травелс- Македонија: Анталија на дланка

Нашата прва дестинација е – градот Аланиа, оддалечен 130 км од аеродромот во Анталија.
Аланиа – градот со најпесочни плажи По два часа возење се стигнува во центарт на градот, од кој веднаш се излегува на преубавата плажа прекриена со ситен песок кој ни навлегуваше во сандалите и еспадрилите. Градот има две најпознати плажи со ситен песок – Клеопатра и Кејкубат град. Пештера полна со сталактити и сталагмити е главната атракција на градот, заедно со вековно старата Црвена кула која се издига над градот.
Хотел „Кватро бич“
Хотелот Кватро бич е прекрасен. Со пет ѕвездчки. Се наоѓа во регионот Конакли, оддалечен 12 км од Аланиа, односно 110 км од аеродромот во Анталиа. Капацитетот му е 438 сместувачки единици, прекрасно средени, сите опремени со спални, бањи, балкони. Хотелската плажа е песочна, со свои лежалки и крпи, кои не се наплатуваат за гостите од хотелот. Главниот ресторан е на база на отворено бифе – шведска маса, а изборот огромен. Турски ресторан „А ла Турца“, италијански „Кватро Италиана“, рибји „Сиа Порт“. Во хотелскиот комплекс има барови, и во внатрешниот и во надворешниот дел, и тоа со огромен избор на коктели. Во лобито добивате веднаш бесплатен вај-фај, и додека со телефоните се прават селфи, продолжувате на базенот сместен во самиот комплекс на хотелот за да се изладите.
Хотел „Барбарос бич“
Се наоѓа во регионот Манавгат, на 29 км од Сиде. Помал од претходниот што го видовме, но исто така убав. Има 245 сместувачки единици, распоредени во главната зграда и бунгаловите наоколу, со сопствена плажа оддалечена 150 метри од главниот објект. На прв поглед веќе ви изгледа како семеен хотел, а наоколу од сите страни се слуша рускиот јазик и се забележуваат брачни парови со деца…
Покрај базените се наоѓаат лежалките, но во непосредна близина се и детските реквизити, а главниот јунак – фигурата на Мики Маус голема околу 1 м, гордо не гледа од височина во детскиот ресторан. Покрај стандардните услуги, одлична храна, убави соби, бесплатен интернет, базени, велнес, има и голем број можност за спортување – тенис, пинг- понг, одбојка на плажа, мини фудбал, мини голф, аква парк, два детски базени и еден за возрасни… Она што посебно ќе ви се допадне се летните куќички со дрвени клупи, сместени во прекрасното зеленило – одлични за одмор. Токму во една таква куќичка срдечните домаќини, меѓу кои и менаџерот г-дин Хасан Узун, постојано приготвуваат освежување од пијалаци, прекрасни турски колачиња и највкусното овошје што некогаш сте го пробале – дињи, лубеници, цреши со посебно сладок вкус.

Хотел „Отиум еко клуб“
Пет ѕвездички го красат и Отиум, хотелот сместен е во регионот Титрејенгол, на само 7 км од Сиде, а 70 км од аеродромот во Анталиа. Внатрешноста е бела, а љубезните домаќини ве сместуваат во прекрасни соби, целосно опремени по сите хотелски стандарди. Хотелска плажа е оддалечена 450 км од главниот објект. Вечерата ќе ви е одлична, на база на отворено бифе, изборот огромен, а се забележува и посебно катче за палачинки, снек-бар, ресторан на плажата, детско бифе, сите одлично снабдени со домашни и увозни пијалаци. Вечерта во летниот ресторан на отворено. Освен ова, хотелот има и отворени и затворени базени, аква парк, фитнес, тениски терени, место за пинг-понг, спа-центар…
Од огромниот избор сепак одлучете се за прошетка покрај езерото Титрејеген кое води кон плажата.
Античкиот град Сиде
Инаку, градот Сиде е еден од најпознатите антички градови во Турција. Се одликува по тесните улички и голем број локалитети со антички остатоци, песочни плажи, кафулиња и ресторани. И секако, преубави хотели.Нашата прва дестинација е – градот Аланиа, оддалечен 130 км од аеродромот во Анталија.
Аланиа – градот со најпесочни плажи По два

Пронајдете не на следниве мрежи: