Енигматската фигура откриена во Ајдахо, дефинитивно ја подгрева мејнстрим теоријата за историјата и еволуцијата.Овој артефакт е откриен во 1889 година кај Нампа, во југозападниот дел на Ајдахо, додека група работници копале во потрага по вода.
Малечката фигура е вешто обликувана во глина и оттогаш остана една од најголемите мистерии која во голема мера ги буни научниците.
Геологот Џорџ Фредерик Рајт, во 1912 година во својата книга за антиквитети, напишал: „Записите укажуваат на тоа дека пронајдената фигура на длабочина од околу 90 метри се наоѓа под слоевите на базалт и глина во земјата и дека е обложена со железо оксид.“
Понатаму напишал: „Објектот е голем околу 4 цм и неверојатен по тоа што совршено прикажува човечки облик. Се гледа дека станува збор за женска фигура со јасни црти на човечкото тело.“
Рајт објаснил и зошто смета дека овој древен артефакт е специфичен. Тој изјавил дека во 1890 година имал прилика да ја види глинената фигура со траги од железо оксид, а главниот истражувач Г. М. Гејминг од Бостон, потврдил дека тој артефакт е пронајден при ископување.
Професор Ф. В. Путнам дури и ја погледнал фигурата под микроскоп и утврдил дека зрната кварц што се наоѓаат под раката се поврзани молекули на железо. Според неговите зборови, овој доказ укажува на тоа дека артефактот е многу стар.
Исто така, научниците утврдиле дека фигурата е обоена со оксиди на железо кои им припаѓаат на наслагите пронајдени на длабочина од 90 метри на која фигурата се наоѓала. Геолошките истражувања укажуваат на тоа дека тој слој е стар 2 милиони години.
Ниту еден човеколик вид освен хомо сапиенсот не создаваше уметност како оваа фигуричка од Нампа. Тоа би значело дека модерните луѓе во Америка живееле пред 2 милиони години.
Според мејнстрим сфаќањата, модерните луѓе се имаат појавено пред околу 200.000 години. Токму затоа се верува дека е невозможно оваа фигура да биде стара 2 милиони години.
Фигурите како оваа претставуваат една од најголемите мистерии на денешницата. Фигурата од Нампа е изложена во Историскиот музеј на Ајдахо во Бојз.Овој артефакт е откриен во 1889 година кај Нампа, во југозападниот дел на Ајдахо, додека група работници копале во потрага по вода.
Малечка



