Филип Петровски им одговори на парталите на СОРОС

Денеска за потребите на дезавуирањето на јавноста и нанесување на штета на угледот на Државниот архив на РМ и на д-р Филип Петровски, беше објавена целосно невистинита дезинформација. Ова е одговорот.Во  видеото  кое директорот на Државниот Архив, Филип Петровски  го објави пред малку на својот Фејсбук профил, објаснува дека  текстот во кој  пишува дека тој наводно бил уапсен и испрашуван, е тотално невистинит.
„Многумина денес ми се јавија да ме прашаат каква била таа  драма во  Архив, а всушост  се работи  за „парталот“, нагласувам „партал“ Мактел, којшто имаше наслов: „Драма во Архив на Македонија: СЈО го уапсило Филип Петровски во неговата канцеларија, по испрашување цел ден  бил пуштен“ . Само да ви кажам дека текстот е  целосно невистинит и Соросписките, соросовите медиуми кои активно работат на пуштање на спинови  во последните години  и ги превртуваат реалните настани, продолжуваат да ја работат својата работа.
Да ви кажам, сум во  Државниот  Архив, текстот е целосна лага“, објаснува Петровски
Тој  исто  така нагласи  дека додека СДСМ и СЈО  пред Нова Година работеле по рестораните и  кафаните , тој  работел на книгата која  беше објавена неколку  дена пред Нова Година: „Македонија во странскиот печат“
Слушнете ја целата изјава на Петровски  во  видеото:
Во  видеото  кое директорот на Државниот Архив, Филип Петровски  го објави пред малку на својот Фејсбук профил, објаснува дека 

Пронајдете не на следниве мрежи: