Д-р Филип Петровски за хрватскиот весник „Вечерњи лист“ говори за инволвираноста на УДБА и СОРОС во насилните преврати

Д-р Филип Петровски, директорот на Државниот архив на Република Македонија, за најтиражниот хрватски весник „Вечерњи лист“ зборува за искуствата од лустрацијата како и за инволвираноста на УДБА и СОРОС во насилните преврати. Лустрацијата во Македонија е стопирана, но лустриравме 200 поранешни удбаши: од уставни судии, министри, професори и академици. Мрежата постои и денес, замаскирани се во демократи, влегоа во сите политички партии, а како што порано имаа позициска предност, дел од нив успешно приватизира големи државни компании.
Удбашите прво ги презеде Сорос, а застрашувачко е што на нив се потпираат и разузнавачките служби од големите држави.
Филип Петровски (44), директорот на Државниот архив на Република Македонија, престојуваше во Загреб и одржа говор на собирот „Недела за соочување со минатото“, кадешто предизвика голем интерес зборувајќи за македонските искуства со лустрацијата. Иако Македонија спроведе лустрација, а Хрватска сѐ уште не, Петровски вели дека не била доволно темелна, траела 7 години, а стопирана е минатата година. Но и тоа било доволно да се лустрираат околу 200 поранешни удбаши и нивни соработници коишто имаат заземено  високи функции во политичкиот и јавен живот на Македонија. Петровски е доктор за политички науки, беше пратеник и генерален конзул во САД.
Тој објаснува дека Законот за лустрација му претходел на оној со кој беа отворени полициските досиеја. Лично, пред 15 години, како член на Собранието, тој учествуваше во донесувањето на Законот за отворање на полициските досиеја. Со тоа беше овозможен пристап до датотеките кои се создадени од политички причини.
– Многу наскоро заклучивме дека згрешивме што помисливме дека тајната полиција на Југославија, колоквијално УДБА, престана со работа во 1991 година. Напротив, тие продолжија со истиот начин на работа и јас се уверив во тоа кога во  2000 година налетав на моето досие, во кое стоеше дека  сум бил обработуван од страна на истите луѓе уште во 1997 година. Досие имав уште кога бев студент којшто беше оценет како опасен за системот, вели тој.
Значи, злоупотребата на тајната полиција не престана со исчезнувањето на Југославија. Се покажа дека тие функционираа во Македонија до 1998 година, кога на власт дојде ВМРО-ДПМНЕ (десна  национална партија). Кога се отворија досиејата, во ВМРО-ДПМНЕ сфатија дека сите се „обработени“.  Иако секој во Македонија оттогаш може да го види своето досие, имињата на соработниците и оперативците се покриени. Досиејата  во 2002 година се предадени во Државниот архив.
Петровски додава дека биле шокирани откако дознале дека службите кои работеле на профилирањето на ВМРО-ДПМНЕ, односно шпионирање на партијата, биле задолжени да ги шпионираат и додека тие биле на власт од 1998 до 2002 година. Тоа беше Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). ВМРО-ДПМНЕ повторно дојде на власт во 2006 година, а две години подоцна го отвори процесот за лустрација, кој предвидувал, на пример, дека сите кандидати коишто имаат намера да вршат политичка и јавна дејност мора да ѝ јават на Комисијата за верификација на податоци. Значи, ако некој сака да се кандидира за градоначалник, пратеник, професор, треба да има претходно добиена потврда од комисијата дека нема соработувано со тајната полиција, вели Петровски.
Комисијата беше тело независно од Собранието и Владата. Законот за лустрација беше постојано напаѓан од страна на невладините организации, пред сѐ од левата страна, а заврши на Уставен суд со што опозицијата се обидуваше да го дискредитира процесот на лустрација.
– Сепак, комисијата во тие седум години од постоењето направи околу 200 лустрации, од кои 130 лустрации се однесуваа на живи луѓе, а околу 70 на оние кои повеќе не се живи. Противниците инсистираа на прикажување на овој процес како масовен, многу темелен и изведен на суров начин. Се приговараше дека законот претставува уништување на животите на луѓето.
Но, ние лустриравме, на пример, и еден уставен судија. Кога тој беше лустриран, неговиот случај го однесе на судот во Стразбур. Сепак и Стразбур потврди дека тој бил соработник на тајната полиција, вели Петровски.
Законот се темелеше на политичките ставови дека оној, којшто соработувал со комунистичките тајни служби, во Македонија не може да извршува политичка и јавна функција. Замислен е како закон кој ќе го прочисти општеството. Постигнат е одреден ефект, дури и луѓето коишто беа соработници на тие служби и самите почнаа да избегнуваат да аплицираат за јавна функција – правеа сѐ за да не бидат објавени нивните имиња. Но, добар дел од  соработниците сѐ уште не ја признаваат лустрацијата. Тоа е случај со еминентен професор на Правниот факултет во Скопје, а ниту деканот на факултетот не спроведе законска обврска да го смени од катедрата.
Петровски потсетува дека законот се однесуваше на секоја јавна функција во општеството, на сите градоначалници, пратеници, министри, професори на универзитети, но, исто така, и на уредниците во медиумите. Тој не се сеќава на случај дека некој новинар бил лустриран. Се појави проблем со кој беше отежната лустрацијата кога беше утврдено дека недостига поголем дел од досиејата. Самиот Петровски откри еден документ од 1965 година, кога беше оформена комисијата на Извршниот совет на Македонија (Владата), а која ја истражуваше злоупотребата на тајните служби во формирањето на досиејата (по падот на Ранковиќ).
И во тој документ се спомнува дека тогаш постоеле досиеја на 137.000 евидентирани македонски граѓани. Денес, Државниот архив на Република Македонија чува  15.000 досиеја, а за над 122.000 од нив не се  знае каде завршиле. Постои трага, но не се знае кој и кога ги има отстрането или уништено. Но, вели Петровски, ревизијата од 1965 година покажа дека инфилтрацијата на тајните служби во општеството била толку голема, што имала моќ да поставува свои директори во компаниите. Ова продолжува и по осамостојувањето на Македонија. Сепак, не може да се процени колку луѓе се опфатени од лустрацијата.
– Лустрацијата не е темелно спроведена, попречена е од страна на опозицијата која постојано врши политички притисок преку Брисел и ЕУ. Нашата влада има добиено сугестии дека треба да се стопира и заврши процесот на лустрација,  со цел да се избегне „создавањето на поделби во општеството“. Со  договор помеѓу Владата и опозицијата, како и поради внатрешната политичка нестабилност, Македонија ја стопираше лустрацијата.
– Тоа мене не ми беше јасно. Каква врска има лустрацијата,  односно откривањето на луѓето коишто имаат соработувано со комунистичките тајни служби против сопствените граѓани, со денешните политички процеси и односи во Македонија, се чуди Петровски.
Тој додаде дека со тоа се покажало дека по 25 години од независноста на Македонија, овие луѓе сѐ уште имаат силно влијание. Но и тоа било доволно да се лустрираат околу 200 поранешни удбаши и нивни соработници коишто заземале високи функции во политичкиот и јавен живот на Македонија. Но, во јавниот живот на Македонија сѐ уште се вклучени луѓе со важни функции, неколку министри, академици, познати јавни личности, професори, а по иницијатива на Петровски се лустрирани 12 лица.
– Го чував досието на ВМРО и кога ја завршивме нашата темелна истрага, сфативме дека копијата што ја чував беше единствена, бидејќи сите други беа уништени кога бевме во опозиција во периодот од 2002 до 2006 година, рече тој.
Врз основа на неговата копија беа лустрирани двајца министри на полицијата и интересно, никој од нив немаше поднесено жалба до повисокиот суд, иако имале законско право на тоа.
Значи, не е точно дека е доцна за лустрација, се поставува прашањето.
– Мислам дека тоа не е премногу доцна, но треба да бидеме и потемелни, бидејќи тие се луѓе кои се промовираат со уништување на туѓите судбини, нивните политички противници, а тоа  денес се покажа во Македонија. Нивните деца или внуци сега имаат позициска предност врз основа на тоа што го направија нивните татковци и дедовци како соработници на УДБА и КОС. И што е уште полошо, тие сѐ уште се на позиции да ја спроведуваат нивната политика на исклучување, вели Петровски.
На пример, фондацијата Отворено општество на Сорос во Македонија ја водеше Владимир Милчин, човекот кој на крај е лустриран. Тој е еден од оние кој до некаде создаде позициска предност во тој систем и го задржа во независна Македонија, смета Петровски.
Тој додава дека многумина го користат овој модел и продолжиле да работат во демократски услови, преку организациите на граѓанското општество да бидат промовирани како големи демократи. И тоа е перверзно. На протестите против Владата, свој говор држеше и Иван Бабамовски кој е лустриран и кој за време на комунистичкиот режим беше висок офицер на УДБА.
И сега, тој е човекот кој ги осудува македонските патриоти и ја „одработува“ емиграцијата и излегува како говорник пред народните масите, извикувајќи: „ова е недемократски режим, ние треба да го урнеме“, рече Петровски.
– Идејата за лустрација беше да се покаже на кој начин една група на луѓе напреднале во општеството. Овие луѓе не биле соработници на службата за бенигни работи. Тоа мора да се повторува одново и одново, дека се уништувани судбините на други луѓе.
Тој вели дека дел од прогонетите македонски патриоти завршиле во затвор, од кои некои биле убиени. Овие случаи сѐ уште се нерешени.
Петровски утврди дека на Голи Оток во Хрватска се уапсени најмалку 1.200 Македонци, чии досиеја се уништени во Македонија, па во Македонија постои надеж дека ќе се стекнат повеќе знаења за тоа ако се анализираат документи коишто постојат во Државниот архив на Хрватска.
– Анализирав 35 датотеки и сфатив дека дел од оние Македонци коишто биле испратени на Голи Оток, немале никаква врска со Информбирото, туку биле осудени поради вмровска активност, односно за македонскиот национализам. Луѓето коишто ги предале, биле напреднати на функција. И денес се играчи на политичката сцена на Македонија.
Тој вели поранешниот удбаши учествувале во приватизација на јавните претпријатија.
– Кога Македонија прогласи независност и воведе повеќепартиски систем, бидејќи тие не беа лустрирани, на почетокот од 90-тите се трансформираа во демократи. Се покажа дека тие влегоа во сите политички партии, а како што имаа позициска предност, учествуваа во приватизацијата. И еден дел од нив успеаа да приватизираат големи државни компании. Исто така, се инфилтрираа во медиумите, ја држеа македонската академија во раце за време на овој период. Може да се каже дека тие успешно се распрскани низ целиот систем.  Денес, тие „демократи“ и понатаму успеваат. Горенаведениот Милчин, кој раководи со Фондацијата Сорос, што го утврди и комисијата, беше соработник на УДБА и го предаде еминентниот македонски актер Ристо Шишков, ја уништи неговата кариера, па тој почина многу млад, како автентичен македонски националист.
– Не верувам дека Сорос не го знаеше тоа, па мислам дека и тој е соучесник во операцијата која беше преземена во тие години за трансформирање на соработниците на УДБА во наводни бранители на човековите права. Такво е македонското искуство со него. Тој само ја презеде мрежата на УДБА и создаде нова која се состои од поранешни удбаши, активисти за човекови права и некои сопственици на реномирани, приватизирани македонски компании, тврди Петровски.
Дали искуствата од Македонија се споредливи со ситуацијата во Хрватска?
Тој смета дека ситуацијата е многу слична, ако не и еднаква на онаа во Македонија. Хрватска има проблем, бидејќи доцни со лустрација 25 години.
– Со тоа им дадовте време на таквите ликови да се маскираат во демократи, активисти за човекови права, но бидете сигурни дека тие не престанале да се дејствуваат. Еве еден пример: Пред два месеци во Македонија, Сорос овите НВО спроведоа  акција за поставување на празни чевли пред Владата, предупредувајќи на масовен егзодус на граѓаните, посочувајќи неточни информации дека за време на 10-годишната власт ВМРО-ДПМНЕ се иселиле 600.000 Македонци. И тогаш, пред некој ден кога бев во Загреб и кај вас забележав акција со празни чевли  во Зрињевац. Ова е истата акција, но за 100.000 хрватски емигранти. Истите слогани и истата методологија. Ова за мене значи дека овие структури се во транснационална соработка и дека тие веројатно се финансирани и контролирани од страна на истиот центар, што е многу опасно за демократијата.
– Оваа мрежа создава илузија дека ќе имаме демократија во општеството, но тие преговараат за нивните активности. Моето искуство покажува дека таа главно левичарска мрежа, брзо разменува информации со мрежата во Србија, Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Во Македонија веќе се „увезени“ демонстрантите кои доаѓаат од други земји и учествуваат во демонстрации против владата. Ги утврдивме нивните имиња и ги објавивме. Тие се професионални демонстранти чија работа е да рушат влади.
Знаевме што беше цел на УДБА – зачувување на Југославија. Но ,сега која е целта на оваа мрежа?
Петровски вели – зачувување на самите себе и заштита на примарно место во зазедените позиции во општеството. Тоа се луѓе коишто не работат на неважни позиции. Соработуваат едни со други, оставија отворени канали меѓу поранешните републики по распадот на Југославија, а она што е особено застрашувачко е што тие соработуваат со други тајни служби, особено служби на големите држави на кои им одговара да имаат пристап до актуелните политички случувања во нашите земји, завршува Петровски.
Разговараше Давор Иванковиќ

Што сум кажал пред едно три години… од документарецот за ВМРО… кое сега веќе го нема… за жал…

Posted by Filip T. Petrovski on Wednesday, November 14, 2018

Пронајдете не на следниве мрежи: