До Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ- кој е новиот кандидат за Претседател на Република Македонија?

До Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ
за кандидирање кандидат за
Претседател на Република Македонија
Согласно јавниот повик на мојата партија ВМРО-ДПМНЕ и условите кои на тој повик беа истакнати како потребни за кандидирање за Претседател на Република Македонија, го поднесувам ова:
ПИСМО ЗА ИНТЕРЕС ЗА КАНДИДИРАЊЕ ЗА
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
КАКО КАНДИДАТ НА ВМРО-ДПМНЕ
Притоа изјавувам дека ги исполнувам законски предвидените услови и се согласувам со политиките и принципите врз кои е основана ВМРО-ДПМНЕ за независност, целовитост, неделивост и унитарност на Република Македонија кои се сега доведени во прашање.
Поседувам план и програма кои сум подготвен да ги презентирам пред Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ и сум убеден дека истите ќе добијат поддршка од делегатите, како и широка поддршка од целото членство на партијата, но и од сите Македонци и граѓани во Македонија и надвор од државата.
Д-р Филип Петровски,
Скопје, 31.1.2019


Повеќе за активностите на д-р Филип Петровски прочитајте тука

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.