Филипинските наркобосови престојувале во луксузно опремени затворски ќелии

Наркобосовите на Филипините и во затвор имале посебни луксузно опремени ќелии со клима- уреди, изградени во мал комплекс на вили во чиј состав имало и џакузи, стриптиз барови и други работи што им овозможувало да живеат „како кралеви“ и од затворот и натаму да управуваат со трговијата со дроги и проституцијата.Сензационалното откритие го направија командосите на филипинската специјална полиција, кои вчера упаднаа и го окупираа најголемиот затвор на Филипините, „Билибид“.
Филипинската министерка за правда Леила де Лима на денешната конференција за печат ги потврди извештаите на командосите, додавајќи дека во рамките на затворот функционирала и посебна „банка“ во која криминалците чувале големи суми пари.
По откривањето на скандалот, се претпоставува дека управувањето на затворот ќе го преземе армијата, а за сите вработени обвинителството ќе покрене процес за нивно ставање зад решетки.Сензационалното откритие го направија командосите на филипинската специјална полиција, кои вчера упаднаа и го окупираа најголемиот затвор на Филипи

Пронајдете не на следниве мрежи: