Филмот „Трка на животот“ за ривалството меѓу легендите на Формула 1 ни пристига во Cineplexx!

Двократниот добитник на наградата Оскар, Рон Хауард со два пати номинираниот за Оскар, сценаристот Питер Морган, ни ја претставуваат спектакуларната реконструкција на ривалството помеѓу легендите на Формула 1 во 70те години.Филмот „Трка на животот“ критичарите го оценуваат како еден од подобрите филмови за оваа година. „Ретко ќе се почувствуваш така живо во една кино сала, како што е искуството со овој филм“ – Variety.  
Спектакуларна екранизација на немилосрдното ривалство помеѓу Џејмс Хант и Ники Лауда.
Сместен во гламурозниот и секси свет на златната доба на Формула 1, овој филм претставува неверојатна приказна за ривалството помеѓу згодниот англиски плејбој Хант и австрискиот перфекционист Лауда. Освен на тркачката стаза, овој филм не води и во приватниот живот на овие две легенди. Првенствено ни прикажува двајца возачи кои се доведуваат до работ на физичката и психичката издржливост во трката во која нема пречки до победа, а само една грешка може да ги чини живот.
По повод премиерата на овој филм во организација на Cineplexx и Geox ќе се оддржи Машка Филмска Вечер, за проекцијата закажана во 20:00 часот. Подготвивме изненадувања за посетителите на оваа проекција.   
Повеќе информации за филмовите можете да најдете на нашата веб страна www.cineplexx.mk  и на нашата facebook страна https://www.facebook.com/CineplexxMakedonija
РАСПОРЕД НА КИНО ПРОЕКЦИИ:

 
Трка на животот (Rush)
термини: 15:10, 16:10, 17:35, 18:45, 20:00,
Гравитација (Gravity)
термини: 17:50, 19:45, 21:15, 22:15
Затвореници (Prisoners)
термини: 17:50, 20:45, 21:45
Дијана (Diana)
четврток – среда : 17:15, 19:30
недела: 18:15
Ризична игра (Runner Runner)
термини: 20:30, 22:20
Соба со пијано (The Piano room)
термини: 21:30
Ова е крајот (This is the end)
термини: 16:10
1Д: Ова сме ние 3D  (One direction: This is us)
Четврток – вторник: 15:45
Инструментите на смртта: Градот на коските (Mortal instrumenтермини: 18:15
2 пиштоли (2 Guns)
термини: 20:40
Елисеум (Elysium)
термини: 22:50
Семејството Милер (We’re the Millers)
термини: 18:15

 
АНИМИРАНИ ФИЛМОВИ
Подлиот јас 2 3D (Despicable Me 2 3D)
работни денови: 15:00, 17:05, 19:10
викенд: 11:15, 13:15, 15:00, 17:05, 19:10
Подлиот јас 2 Дигитал (Despicable Me 2)
работни денови: 16:00, 18:05, 20:10
викенд: 12:00, 14:00, 16:00, 18:05, 20:10
Авиони 3D (Planes)
работни денови: 15:45
викенд: 11:30, 13:30, 15:45
Турбо 3D (Turbo)
работни денови: 15:15
викенд: 11:00, 13:10, 15:15
Штрумфови 2 3D синх. (Smurfs 2 sync.)
работни денови: 16:10
викенд: 11:40, 14:00, 16:10
*Киното го задржува правото за промена на програмата.Филмот „Трка на животот“ критичарите го оценуваат како еден од подобрите филмови за оваа година. „Ре

Пронајдете не на следниве мрежи: