Дури ниту 48 часа не беа потребни за Фејсбук страницата „Filozofski uleti“ да стане хит и да собере околу 1.400 допаѓања.Администраторите на страницата се обидуваат да ја кренат самодовербата на филозофите при заведувањето, а притоа гарантираат добра забава за сите останати корисници на најпопуларната социјална мрежа.
Вие сте филозоф, а имате проблем со додворувањето? Тогаш се наоѓате на вистинското место – порачуваат администраторите на оваа страница. Имено, станува збор за место на кое ќе пронајдете разни вештини за заведување, кои се инспирирани од големите мислители и филозофи.
– Среќо, доста со барање. Стигна твојот надчовек (Ниче).
– Малечка, ајде да се запознаеме бидејќи знам дека не те знам (Сократ).
– Се гледам со тебе во сите можни светови (Лајбниц).
– Ако сум јас интелект, ти биди мојата волја па да се протегаме (Декарт).
Ова е само дел од примерите кои можат да се пронајдат на оваа страница. Ако останете без идеја или инспирација, оваа страница ќе ги расчисти сите дилеми и ќе ви помогне при додворувањето.Администраторите на страницата се обидуваат да ја кренат самодовербата на филозофите при заведувањето, а притоа гарантираат добра забава за сите ос



