Финале без Ѓоковиќ, Федерер или Надал

Од 2005 година се нема случено во финале на некој од четирите гренд слем турнири да нема барем еден од тројцата најдобри тенисери во последните девет години – Роже Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.Поминаа точно 38 гренд слем тирнири по ред во кои барем еден од тениските асови беше дел од финалето, серија на која синоќа му дојде крајот.
Во две изненадувачки полуфинални мечеви, Швајцарецот и Србинот беа елиминирани од тековниот УС Опен. Ѓоковиќ загуби од Кеи Нишикори, а вчера во историско полуфинале Хрватот Марин Чилиќ го победи Федерер во Њујорк и за првпат успеа да се пласира во финале на гренд слем турнир.
Повредениот Надал, пак, не ни допатува на овој турнир.
Последен пат гренд слем финале во машка конкуренција се одигра без Ноле, Рафа или Федерер во 2005 година на Австралија Опен.Поминаа точно 38 гренд слем тирнири по ред во кои барем еден од тениските асови беше дел од финалето, серија на која синоќа му дојде крајот.

Пронајдете не на следниве мрежи: