Финансиска стабилност, профитабилност и раст на премија на Групацијата Триглав

Групацијата Триглав првата половина од оваа година ја заврши со добивка пред оданочување во висина од 42,4 милиони евра. Имајќи ги во предвид планираните прилики до крајот на годината, Триглав оценува дека годишната добивка пред оданочување ќе биде реализирана во рамките на планираното. Консолидираната бруто полисирана премија од осигурување на Групацијата Триглав изнесуваше 547,8 милиони евра, со што ја надмина минатогодишната за 8%.Бруто исплатените штети беа зголемени за 4% и изнесуваат 314,2 милиони евра, како последица на зголемениот протфељ на осигурувања, како и зголемениот обем на штетни настани. И покрај зголемениот број на штетни настани, комбинираниот коефициент во неживотно осигурување на групацијата Триглав останува поволен (95,5%) и е на ниво на просечната зацртана вредност во стратешкиот период. Триглав Осигурување Скопје, дел од Групацијата Триглав, во првата половина од 2017-та година постигна раст во бруто полисирана премија од 2%, споредено со истиот период минатата година.
Профитабилност и финансиска стабилност
Групацијата Триглав првата половина од 2017-та година ја заврши со добивка пред оданочување во висина од 42,4 милиони евра (43,2 милиони евра минатата година) и со нето добивка од 36,1 милион евра (34,2 милиони евра минатата година). Групацијата е добро капитализирана, на што укажува коефициентот за адекватност на капиталот, кој што на крајот на 2016-та година изнесуваше 246%.
Раст на премија на сите пазари и во сите осигурителни сегменти
Консолидираната бруто полисирана осигурителна премија на Групацијата Триглав изнесуваше 547,8 милиони евра, што е за 41,2 милиони евра, т.е. 8% повеќе од истиот период минатата година. Во најголемиот сегмент, неживотни осигурувања, премијата се зголеми за 8%, во сегментот на осигурувања на живот за 6%, додека пак во сегментот на здравствени осигурувања за 14%. Работењето на Триглав беше успешно на сите пазари каде групацијата делува. На словенечкиот пазар постигнат е просечен пораст на премија од 7%, а на останатите пазари од 12%. Најголем пораст на премија од 33% е остварен на српскиот пазар. Словенечкиот пазар е најголемиот за групацијата, но во согласност со стратешките насоки, групацијата полека го јакне уделот во осигурителна премија и на пазарите надвор од Словенија. Споредено со истиот период минатата година, тој удел се зголеми и изнесува 17,6%, што претставува раст од 0,6 процентни поени.
Штетни настани, поволен комбиниран коефициент
Бруто износите на штети на групацијата Триглав изнесуваа 314,2 милиони евра (раст од 4% во однос на првата половина од минатата година), што првенствено се должи на зголемувањето на осигурителниот портфељ и зачестеноста на штетни настани. Исто така, на овогодинешните резултати одредено влијание имаа и масовните штетни настани, чија вкупна вредност во првата половина од 2017-та година изнесува 13,1 милион евра. И покрај зголемениот обем на штетни настани, беше постигнат поволен комбиниран коефициент во висина од 95,5%, што е на ниво со просечната планирана вредност за стратешкиот период.
Приноси од финансиски вложувања
Во услови на неповолни прилики на пазарите на капитал и имајќи ја во предвид релативно конзервативната инвестициона политика на групацијата Триглав, во првото полугодие е реализирана вредност од 3.062,5 милиони евра. Приносите од финансиските вложувања поради тоа беа за 13% повисоки, споредено со минатата година, што е резултат на одредени еднократни настани  минатата и оваа година.
Заваровалница Триглав како акционерско друштво
Во првата половина од годината акцијата на Заваровалница Триглав (ЗВТГ) беше втора по ред најликвидна акција на Љубљанската берза. Растот на нејзиниот курс изнесуваше 8%. На полугодието Заваровалница Триглав имаше повеќе од 14.600 акционери, а последните години се забележува постепено јакнење на уделот на меѓународни вложувачи, кои денес доаѓаат од 37 држави. При влезот на Заваровалница Триглав на берза во 2008-ма година овие инвеститори имаа 4% од сите акции ЗВТГ, додека на средината на 2017-та тој удел веќе изнесува 18%.
Како резултат на опоравувањето на економиите во државите, постепено се подобрува и состојбата на осигурителните пазари во регионот, но работењето на Групацијата Триглав сеуште се одвива во отежнати услови и во силна ценовна конкуренција. Во својата стратегија до 2020 година, Групацијата Триглав ги одреди насоките на своето работење. Една од главните насоки веќе се спроведува, а тоа е трансформација на работењето со акцент на целосно управување со односите со клиенти. Групацијата продолжува со динамично прилагодување на своите активности и понуди, кон потребите и особеностите на поединечните пазари.
Претседателот на Управата на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар, изјави: »Задоволни сме од работењето на Групацијата Триглав во првата половина од оваа година. Земајќи ги во предвид проценетите прилики до крајот на годината, можеме да оцениме дека добивката пред оданочување оваа година ќе биде остварена во планираниот обем. Во 2017-та година влеговме со јасно дефинирана стратегија. Нашата визија одредува динамичен развој на нови начини на работење, кои што се темел на нашиот одговорен долгорочен развој, истовремено работејќи профитабилно и безбедно. Половина од годината е зад нас, и помина во знак на бројни активности, кои што се дефинирани во нашата стратегија. Продолжуваме со работа, и убеден сум дека енергијата и посветеноста на тимот на Групацијата Триглав, кој брои повеќе од 5.000 членови, се цврста гаранција дека во интерес на нашите акционери, соработници и други засегнати страни, ќе го постигнеме планираното.
Групација Триглав на пазарот во Македонија
Во првата половина од 2017-та година Триглав Осигурување Скопје повторно оствари добри деловни резултати. Бруто полисираната премија на крајот на вториот квартал од 2017-та година изнесуваше 11,7 милиони евра, со што компанијата постигна раст од 2% во споредба со истиот период минатата година. Друштвото забележа раст во класата осигурување од автомобилска одговорност (раст од 5% споредено со истиот период минатата година), како и во  други класи на неживотни осигурувања, како што е осигурување на финансиски загуби. Особено важен за компанијата е резултатот постигнат во доменот на приватното здравствено осигурување, каде што Триглав Осигурување оствари 13% повисока бруто полисирана премија од истиот период минатата година.
“Работењето на нашата компанија на крајот од вториот квартал на оваа година претставува резултат на синергијата помеѓу стратегијата, квалитетот кој што го нудиме и посветеноста на нашите вработени на целите и на самата компанија. Во фокус ни се клиентот и неговите потреби, а цел ни е да му понудиме најдобар квалитет, затоа што осигурувањето е дејност која што задира во најважните сегменти од животот и работењето. На клиентите им нудиме современи решенија, како што беше можноста за квалитетна и ефикасна поправка на автомобилите оштетени од град во јуни оваа година, со примена на иновативната ПДР технологија. Градиме однос на доверба со клиентите, кој подразбира наша доверливост и остварување на дадените ветувања, при тоа работејќи етички, одговорно и професионално. Пазарот препознава зошто сме најдобри, а тоа го покажуваат и истражувањата и нашите резултати”, во оваа прилика изјави Главниот извршен директор на компанијата, г-дин Ѓорѓе Војновиќ.Бруто исплатените штети беа зголемени за 4% и изнесуваат 314,2 милиони евра, како последица на зголемениот протфељ на осигурувања, како и

Пронајдете не на следниве мрежи: